ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Зголемен интересот за вакцинација во руралните средини во кичевско

August 26, 2021 19:04
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во руралните средини во општина Кичево се поголем е интересот за вакцинација. Од вакцинираните 1019 жители во руралните средини на 3 август, нивниот број денеска се искачи на 1.700.

Како што информираат од Здравствениот дом во Кичево секојдневно во селата се вакцинираат по стотина жители што е далеку над бројката од почетокот на теренската вакцинација која започна на 12 јули.

-Поради се поголемиот број новозаболени и починати жители на Општина Кичево, кај жителите од руралните средини драстично порасна интересот за вакцинација. Со планираната динамика од 12 јули до 3 август завршивме со теренската вакцинација, при што вакциниравме 1019 жители од кичевските села, а во последната недела интересот толку се зголеми што од понеделникот до денес имаме речиси 700 нововакцинирани граѓани со прва доза, изјави Мира Мојсоска, одговорна сестра во Здравствениот дом во Кичево.

Во последните три седмици во Здравствениот дом, како што посочи, се вакцинираат од 200 до 300 жители дневно.

-Интересот на жителите на Кичево да се вакцинираат против Ковид-19 и натаму е голем и е на нивото од пред 2-3 недели. Нашите сограѓани во најголем број до вчера ја примија вакцината на„ Фајзер“ вкупно 222 граѓани, додека 99 жители ја примија првата доза на „Синовак“, а 46 пациенти  се ревакцинираа. Слични се бројките и од вчера кога во Здравтсвениот дом прва доза на„ Фајзер“ примија 168 граѓани, а 24 се ревакцинираа. Со„ Синовак “имавме 59 вакцинирани со прва доза и 68 со ревацина. Најмалку е застапена вакцината на„ Астра Зенека“ бидејќи само 10 граѓани ја примија првата доза, информира Мојсоска.

Жителите од руралните средини, кои изминатата недела ја примиле првата вакцина, за три седмици ќе се ревакцинираат во Здравтсвениот дом во Кичево. /МИА/.
Next Post

Шилегов на маалска средба во Бутел: Ова е општина што најбрзо се развива во Скопје

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk