ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи: СДСМ е единствената политичка опција која покажа дека се грижи за сите граѓани

August 27, 2021 09:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потпретседателот Битиќи од Чаир: СДСМ е единствената политичка опција која покажа дека се грижи за сите граѓани, единствена која го нуди најдоброто за секоја општина.

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи присуствуваше на маалска средба заедно со жителите на општина Чаир.

„Како одговорна партија на сите средби со граѓаните ги почитуваме протоколите за заштита од коронавирусот. Сега се наоѓаме во деликатна фаза со мутацијата на вирусот КОВИД 19. Масовната имунизација е најсигурниот начин за да ставиме крај на пандемијата со коронавирусот, да го зачуваме јавното здравје но и да помогнеме на здравствениот систем и на здравствените работници, кои година и пол се на првата борбена линија штитејќи го нашето здравје”- истакна Битиќи пред присутните. Воедно тој ги повика граѓаните да се вакцинираат и на тој начин да ја покажеме одговорноста кон сопственото но и јавното здравје.

СДСМ и понатака останува доследна на принципот на креирање на политики и решенија за граѓаните, заедно со граѓаните. Денес тука можеме да напаравиме краток осврт на она што досега го реализираме но и да ги утврдиме вашите приоритети за она што во следниот мандат треба да го сработиме, посочи Битиќи и во продолжение наброја дел од реализираните проекти за оваа општина.

Владата предводена од СДСМ обезбеди 690.000,00 евра за општина Чаир од грантот од Светската банка за поврзување на локалната патна мрежа со кој се реконструираа или пак во тек се реконструкции на повеќе улици. Грижата за најмладите ја покажуваме преку изградба на нова градинка во Чаир со капацитет за 350 дечиња како и со реконструкција и унапредување на условите во повеќе училишта во општина Чаир. Го правиме најдоброто за нашите деца. Ќе ги надоврзам и инвестициите во комуналната инфраструктура преку реконструкција на постојни водоводи и канализации во повеќе улици. Верувам дека ова ќе бидат последните 4 години во кои ќе зборуваме за водоводи и канализации, наместо тоа ќе зборуваме за иднина, за иновации за развој и просперитет. Тука во Чаир можеме да говориме и за вложување во сферата на културата преку инвестиции кој ги наменивме за Турскиот театар, реконструкција и осветлување на Чифте Амам, опремување на Националната галерија на Република Северна Македонија како и за реновирање на Албанскиот театар.

Граѓаните добро го препознаваат и прават разлика помеѓу концептот кој е отворен, прогресивен и е за развој и напредок наспроти деструкција, блокади, лажни вести, концепт кој нуди напредок и богатење на поединци на сметка на граѓаните и уназадување на општеството и државата. Затоа на 17 октомври ќе победат СДСМ и граѓаните со концептот кој го нуди најдоброто за секоја општина.

Next Post

Радев и го даде третиот мандат на БСП – Нинова: Следниот петок треба да се вратиме кај претседателот со премиер

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk