ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Десетици загинати во експлозиите кај аеродромот во Кабул, Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот

August 27, 2021 08:36
in ДЕНЕС, СВЕТ
EDITORS NOTE: Graphic content / Medical staff bring an injured man to a hospital in an ambulance after two powerful explosions, which killed at least six people, outside the airport in Kabul on August 26, 2021. (Photo by Wakil KOHSAR / AFP)

EDITORS NOTE: Graphic content / Medical staff bring an injured man to a hospital in an ambulance after two powerful explosions, which killed at least six people, outside the airport in Kabul on August 26, 2021. (Photo by Wakil KOHSAR / AFP)

Share on FacebookShare on Twitter

Десетици лица загинаа, и најмалку 60 се повредени во напад на аеродромот во авганистанската престолнина Кабул – местото на веќе преполната операција за евакуација на луѓето кои се обидуваат да побегнат од Авганистан, кој е под контрола на Талибанците.

Една од експлозиите се случила на една од портите на аеродромот, а друга во блискиот хотел. Некои светски медиуми синоќа јавија дека дошло и до трета експлозија. Според некои извештаи, цел на третата експлозија во Кабул било возило на талибанците. Покрај тоа, имало и пукање во близина на аеродромот, но не е познато дали има жртви, ниту кој отворил оган.

Генералот Кенет „Френк“ Мекензи, шеф на американската Централна команда соопшти дека во вчерашниот напад загинале најмалку 12 припадници на американската војска, а најмалку 15 биле повредени.

Мекензи информира дека во нападот учествувале двајца бомбаши самоубијци, по што вооружени лица отвориле оган.

Пред вчерашниот напад, последен пат американски војници беа убиени во Авганистан во февруари 2020 година.

Американското Министерство за одбрана потврди дека најмалку двајца бомбаши самоубијци се разнеле во терористичкиот напад на аеродромот во Кабул. По детонациите, голем број борци од терористичката милиција Исламска држава отворија оган врз цивили и војници, рече Мекензи.

Во исто време, Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот на аеродромот во Кабул преку својот медиум Амак.

Во соопштението на Исламска држава се тврди дека околу 160 луѓе се убиени или ранети во самоубиствен напад и се наведува дека жртвите се американски сили и други кои соработуваат со нив.

Веднаш по нападот, американскиот претседател Џозеф Бајден одржа итен состанок со тимот за национална безбедност.

– Претседателот се состана со тимот за национална безбедност, на кој присуствуваше и секретарот Блинкен. Ќе продолжиме со целосното известување на претседателот за развојот на ситуацијата, така што врз основа на тоа ќе се донесе одлука за акција, соопшти Белата куќа. Други детали не беа обелоденети.

И британскиот премиер Борис Џонсон свика кризни преговори по големата експлозија на аеродромот во Кабул, соопшти неговата канцеларија.

Џонсон вети дека ќе ги продолжи напорите за евакуација од Авганистан по „варварскиот“ терористички напад на аеродромот во Кабул.

Џонсон рече дека РАФ веќе им помогнал на „огромно мнозинство подобни лица да избегаат од талибанците“ и додаде дека „ќе продолжиме да одиме нагоре до последен момент“, бидејќи рокот брзо се приближува.

Министерството за одбрана соопшти дека засега нема информации за ранети, ниту жртви меѓу припадниците на војската или владата во Велика Британија.

Со оглед на хаотичната и напната безбедносна состојба во Авганистан, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги покани земјите со право на вето и членки на Советот за безбедност на Обединетите нации на состанок посветен на кризата.

 

Според дипломатски извори, амбасадорите на САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција во понеделник треба да се сретнат со шефот на ОН во Њујорк за да разменат мислења за ситуацијата.

Не се објавени повеќе детали за целите на планираната средба. Портпаролот на Обединетите нации не сакал официјално да ја потврди информацијата, јави ДПА.

Германската канцеларка Ангела Меркел, пак, го откажа патувањето во Израел викендов, поради кризата во Авганистан, со одлука објавена непосредно пред експлозијата кај аеродромот во Кабул, по предупредувањата за тероризам еден ден претходно.

ОСУДИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

Гутереш, преку неговиот портпарол Стефан Дујарик, остро го осуди нападот пред аеродромот во Кабул.

– Овој инцидент ја нагласува нестабилноста на ситуацијата на теренот во Авганистан, но исто така ја зајакнува нашата решителност додека продолжуваме да даваме итна помош низ целата земја за поддршка на авганистанскиот народ, напиша Гутереш на Твитер.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најостро ги осуди „кукавичките и нечовечки напади на аеродромот во Кабул“.

– Од суштинско значење е да се стори сè за да се осигури безбедноста на луѓето на аеродромот. Меѓународната заедница мора тесно да соработува за да избегне повторно оживување на тероризмот во Авганистан и пошироко, напиша фон дер Лајен на Твитер.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го осуди „ужасниот терористички напад“ во областа на аеродромот во Кабул, изразувајќи сочувство до сите погодени и нивните најблиски.

– Наш приоритет останува да евакуираме што е можно повеќе луѓе на безбедно, што е можно побрзо, напиша Столтенберг на Твитер.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел изјави дека е „многу загрижен“ по експлозијата на аеродромот во Кабул.

– Моите мисли се со жртвите и нивните семејства, напиша високиот претставник на ЕУ на Твитер.

– Обезбедувањето безбеден премин до аеродромот останува од витално значење, додаде тој.

И Италија „најостро ги осуди“ бомбашките напади на аеродромот во главниот град на Авганистан, Кабул, напиша министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо на Твитер.

– Ниту еден Италијанец не е повреден во нападите во Кабул … Изразувам сочувство до оние што го загубија животот и мојата солидарност со ранетите. Италија остро ги осудува нападите, напиша Ди Мајо.

Италија продолжува со евакуација на свои државјани од Авганистан со авиони.

Нападот го осуди и портпаролот на политичката канцеларија на талибанците во Доха, Сухаил Шахин.

– Талибанците најостро го осудуваат овој грозоморен инцидент и ќе ги преземат сите чекори за да ги изведат виновниците пред лицето на правдата, додаде Шахин.

Шахин потврди дека се случиле две експлозии. /МИА/.

Next Post

Бајден до терористите: Ќе ве фатиме и ќе платите

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk