Го слушнав Петар Георгиевски алијас „Перо камиказа” на Сител, кандидатот за градоначалник на Левица за Скопје. Вели немал врска со партии, ама ќе го искористел Димче за изборите, па глупоста да биде поголема, ги бара ВМРО како бекап да го поддржат. Инаку нема врска со партија, што е лага, оти ти, а и секој еден кандидат, имаш некоја идентификација во себе, дури и минимална, штом го бараш печатот на Левица, а имаш и идентификација со ВМРО, оти, ги бараш и нивните гласови.
Ако нешто ја убива политика, ја прави глупава, цинична и длабоко нихилистична, е оваа таканаречена лага, фолиранција со таа нивна идиотска „независност”. А нема ништо човекот, ниту јасна цел, ниту програма, ниту пак знае на кого се обраќа.
Неговата идеја – а може и самиот не е свесен – да му наштети на Шилегов, ништо друго. Оти нема појма ниту на кому се обраќа, вели, „барам поддршка од граѓаните”.
Бесмислено! Кандидатура од чиста досада. И кандидатура која ја уништува политиката на еден град. И ако мисли дека Перо „камиказа” ќе солира пред аздисаниот Димче, па тоа не може да се случи ниту на сон.
Целта е, уште еднаш велам, да му наштетат на Скопје и да му откинуваат гласови на Шилегов. Скопјани треба да реагираат, да не дозволат шарлатани да ги пасивизираат за политиките кои се важни за град Скопје.
Мој избор: Шилегов за Скопје! Сè друго е несериозно, шарлатански и длабоко погрешно.
Фејсбук објава од Ненад Јовановиќ.