ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: ЕУ има морална обврска кон С. Македонија, Максим по дивизија, Села по тапани, утре истекува аплицирањето за мерката субвенциониран студентски оброк

August 30, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заев денеска учествуваше на Европскиот форум Алпбах кој оваа година е посветен на три теми: „Обезбедувањето на иднината на Европа“, „Финансирањето на иднината на Европа“ и „Климатските промени“, информираат од Влдата. ЕУ има морална обврска кон Северна Македонија и очекувам да најде начин да го деблокира проширувањето, истакна тој.

Помеѓу две лоши го бираш помалото, помеѓу две добри, поголемото. Кога Мицкоски и Села ги виделе коефициентите за нивните изборни шанси во обложувалниците, решиле дека подобро ќе биде да ги здружат силите, да стискаат палци и да веруваат дека од две лоши го одбрале помалото. Кога ќе ѕирнат во талончињата со нивниот избор, ќе разберат дека не го избрале помалку лошото, туку од „трите подолгото“…Максим по дивизија, Села по тапани,  пишува БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ.

„Целосна инклузија на сите деца во предучилишното образование за нас е најважен приоритет и основна цел на која интензивно работиме“, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на состанок со со претставници од Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија.. Министерката за труд и социјална политика Шахпаска оцени дека секоја градинка мора да биде отворена за сите деца, но и истовремено да одговори на нивните потреби, со цел за сите деца да се овозможат еднакви услови за развој, напредок и инклузија во општеството.

Утре истекува првиот рок за аплицирање за мерката субвенциониран студентски оброк. Ги повикувам сите студенти кои се на додипломски студии на државните и приватните факултети да аплицираат за да го искористат своето право на субвенциониран студентски оброк. Следниот рок за аплицирање за оваа субвенција е од 1 до 31 октовмри 2021 година, за студентите од новата академска година и оние кои не го запишале летниот семестар, изјави на денешната прес-конференција Марко Михаилоски, претседател на СДММ.

Во крајна фаза е изработката на тендерската документација за распишување на тендер за изведба на прва фаза за „Бас рапид транзит“, истакна градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во одговор на новинарско прашање. Тој посочи дека се работи за комплексен проект што не трпи импровизација. Градоначалникот очекува до 15 септември да може да се распише јавен повик за првата фаза, односно квалификациска фаза.

Новинарот и активист Дехран Муратов, ЦИВИЛ, со своето учество во иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ преку видео порака им порачува на граѓан(к)ите дека доколку во едно општество има различни етникуми, различни верски заедници тогаш тоа општество е поубаво и побогато

М. М.

Next Post

„Дачија“ го претставува новиот „Џогер“

НАЈНОВО

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

Венко Крстевски: Кочани заслужува нов почеток – почеток на обединување, одговорност и заедничка работа

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk