Заев денеска учествуваше на Европскиот форум Алпбах кој оваа година е посветен на три теми: „Обезбедувањето на иднината на Европа“, „Финансирањето на иднината на Европа“ и „Климатските промени“, информираат од Влдата. ЕУ има морална обврска кон Северна Македонија и очекувам да најде начин да го деблокира проширувањето, истакна тој.
Помеѓу две лоши го бираш помалото, помеѓу две добри, поголемото. Кога Мицкоски и Села ги виделе коефициентите за нивните изборни шанси во обложувалниците, решиле дека подобро ќе биде да ги здружат силите, да стискаат палци и да веруваат дека од две лоши го одбрале помалото. Кога ќе ѕирнат во талончињата со нивниот избор, ќе разберат дека не го избрале помалку лошото, туку од „трите подолгото“…Максим по дивизија, Села по тапани, пишува БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ.
„Целосна инклузија на сите деца во предучилишното образование за нас е најважен приоритет и основна цел на која интензивно работиме“, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на состанок со со претставници од Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија.. Министерката за труд и социјална политика Шахпаска оцени дека секоја градинка мора да биде отворена за сите деца, но и истовремено да одговори на нивните потреби, со цел за сите деца да се овозможат еднакви услови за развој, напредок и инклузија во општеството.
Утре истекува првиот рок за аплицирање за мерката субвенциониран студентски оброк. Ги повикувам сите студенти кои се на додипломски студии на државните и приватните факултети да аплицираат за да го искористат своето право на субвенциониран студентски оброк. Следниот рок за аплицирање за оваа субвенција е од 1 до 31 октовмри 2021 година, за студентите од новата академска година и оние кои не го запишале летниот семестар, изјави на денешната прес-конференција Марко Михаилоски, претседател на СДММ.
Во крајна фаза е изработката на тендерската документација за распишување на тендер за изведба на прва фаза за „Бас рапид транзит“, истакна градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во одговор на новинарско прашање. Тој посочи дека се работи за комплексен проект што не трпи импровизација. Градоначалникот очекува до 15 септември да може да се распише јавен повик за првата фаза, односно квалификациска фаза.
Новинарот и активист Дехран Муратов, ЦИВИЛ, со своето учество во иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ преку видео порака им порачува на граѓан(к)ите дека доколку во едно општество има различни етникуми, различни верски заедници тогаш тоа општество е поубаво и побогато
М. М.