Независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Петар Георгиевски (Перо Камиказа) кој е поддржан од опозициската партија Левица, во претставувањето на приоритетите и заложбите како иден потенцијален прв човек на главниот град на телевизја Сител, изјави дека големите проекти ќе дојдат откако ќе го видел буџетот на Град Скопје.
На прашањето дали Камиказа ги поддржува политиките на Левица, како негирањето на договорите со Грција и Бугарија, промена на уставното име, кандидатот за градоначалник рече, за тоа ќе го прашате лично Апасиев.
„За тоа ќе прашате Апасиев лично. Јас за тие работи со Левица немаме никаков договор направено. Се договоривме со Левица за печат“, рече Георгиевски.
Петар Георгиевски – Камиказа, ја објави својата независна кандидатура пред неколку денови.