ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Од денеска принуден, неплатен одмор за невакцинираните во Грција

September 1, 2021 09:25
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката на грчката Влада за задолжителна вакцинација на сите вработени во државните и приватните болници во Грција, од денеска стапува во сила, а невакцинираните здравствени работници ќе бидат на принуден, неплатен одмор, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, околу 10 до 15 илјади вработени во болниците и понатаму се невакцинирани.

Во јули беше соопштено дека од 16 август вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите вработени во центрите и институциите во Грција наменети за грижа на лица, а од 1 септември и за здравствените работници, како и за административниот персонал во болниците, здравствените центри, дијагностички центри, центрите за рехабилитација, клиниките итн, без разлика дали се приватни или јавни здравствени структури.

Пораките од Владата во изминатите денови беа дека одлуките и законот ќе се применат и тоа во целост и нема да има никакво пролонгирање.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому во понеделникот објасни дека „законот што предвидува суспензија за оние кои не примиле барем една доза, ќе се спроведе и законот ќе се примени во целост“ и додаде дека дури и да решат невакцинираните да се имунизираат по 1 септември, не е сигурно дека ќе се вратат на истите позиции.

Против задолжителната вакцинација е грчката федерација на вработени во државните болници, кои минатата седмица одржаа масовни протести во Солун и Атина и истакнаа дека не се против вакцината, туку едноставнo не се согласуваат имунизацијата да биде задолжителна.

Најавуваат и дополнителни протести, кога првите невакцинирани здравствени работници и официјално ќе бидат испратени на принуден одмор.

Паралелнo со задолжителната вакцинација, од денеска стапува во сила и одлуката за отповикување на сите редовни годишни одмори на сите вработени во болниците, брзата помош, Националната организација за јавно здравје, како и во јавните установи за примарна здравствена заштита./МИА/.

Next Post

Градоначалникот Куртовски апелира граѓаните на Маврово и Ростуше да се вакцинираат

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk