ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

УНИЦЕФ на сите ученици, наставници и училиштен кадар им посакува безбедна и успешна училишна година

September 1, 2021 10:16
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот училиштен ден е возбудлив ден за учениците. Возбудата се должи на отпочнувањето нова фаза во нивните животи, фаза во која откриваат нови знаења и вештини, но и сопствените бескрајни можности. Училиштето не е само зграда. Тоа е место за учење, место во кое децата стекнуваат независност, се прилагодуваат на нова рутина и развиваат значајни релации со наставниците и учениците, порача претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ди Џовани.

Ди Џовани вели дека првиот училиштен ден за учениците од Северна Македонија е од голема важност бидејќи за голем дел од нив тоа претставува можност првпат по 54 седмици поминати пред дигиталните екрани да се вратат во училиштата. Според податоците тоа е долг период од просекот на другите земји во Европа и Централна Азија, што изнесува 25 седмици.

– Токму затоа повторното отворање на училиштата за настава со физичко присуство е клучен чекор напред кон обезбедување дека секое дете има пристап до квалитетно образование коешто ќе му помогне да ги изгради и унапреди вештините коишто ќе му бидат потребни во животот, се вели во соопштението.

Од УНИЦЕФ истакнаа дека и во време на пандемија земјата успешно се справи и со други модели на настава. И покрај неизвесноста што постоеше на почетокот на пандемијата, префрлањето кон онлајн настава претставуваше неопходна мерка. Но, онлајн наставата не може да биде долгорочно решение и замена за наставата со физичко присуство.

– Улогата што ја имаа наставниците во тоа време беше одраз на голем ентузијазам, истрајност, креативност, како и на квалитетот и професионалноста што ги поседуваат наставниците во оваа земја, додава ди Џовани.

Претставничката на УНИЦЕФ вели дека наставата со физичко присуство им овозможува на наставниците да им помогнат на учениците кога тие имаат тешкотии во учењето, кога имаат потреба од емоционална поддршка, или кога се соочуваат со други грижи и препреки коишто негативно влијаат на добросостојбата на децата.

УНИЦЕФ го посочи наставниот кадар како добар пример кога станува збор за Ковид-19, имајќи предвид дека седум од десет наставници се вакцинирани пред почетокот на училишната година

-На првиот ден на училиште, сакам да им посакам на сите ученици, наставници и училиштен кадар безбедна и успешна училишна година.  Децата и младите не можат да ризикуваат уште една година со прекини во наставата. Сега им е потребна нашата поддршка повеќе од било кога претходно, порачаа од УНИЦЕФ./МИА/.

Next Post

Филмскиот фестивал во Венеција почнува вечерва

Shortcut

Најново

Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk