ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Еден од начините да го напуштите СДСМ е да настапите како независен кандидат, вели Заев, зошто сме завиени во ковид-црнина?

September 2, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заев: Максим одлучи да тргне против Максим. Еден од начините кога ќе одлучите дека треба да го напуштите СДСМ е да настапите како независен кандидат. Максим се одлучи да тргне против Максим и СДСМ на Центрлниот одбор треба оваа исклучување од партијата да го констатира.Во Куманово ќе победеи тој што победува веќе 30 години, а тоа е СДСМ, изјави Заев.

Партиите најавуваат позитивни кампањи за локалните избори. Изборната кампања за локалните избори на 17 октомври започнува на 27 септември, но партиите веќе почнаа со меѓусебни обвинувања и повици за позитивна кампања. До 9 септември тече рокот за увид во Избирачкиот список, во подрачните и канцеларии на ДИК и електронски, преку веб страницата на Комисијата.

Скопје останува на европската агенда и бара решение со Софија, очекува ЕУ да го исполни ветеното. Проблемот веќе не е само политички. Ситуацијата стана многу позагрижувачка за ЕУ. Што направи Северна Македонија за нејзината европерспектива – направи се, и уште повеќе, а што доби за возврат – ништо и уште помалку. Со ова кредибилитетот на ЕУ многу се наруши, изјави Борут Пахор, претседателот на Словенија чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Привремено одземени 100.000 швајцарски франци на ГП Деве Баир. При извршена детална контрола и личен претрес на возачот во внатрешниот џеб на панталоните му биле пронајдени непријавени 2 пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале 100.000 швајцарски франци, информираат царинските служби.

Зошто сме завиени во ковид-црнина? Одговорот на ова прашање јас го немам, а е далеку од меродавно (за пристојноста дума да не стане) тоа што го говорат политичарите, фејсбук-експертите и оние чија работа е по социјалните мрежи да шират говор на омраза. За ова, до сега, МОРАШЕ да има барем неколку стручни анализи направени од државни или лекарски здруженија…пишува во најновата колумна Сашо Орданоски.

Битиќи: Ги зголемивме капацитетите за згрижување на децата за дури 130%, нема веќе барок и палми од парите на граѓаните. Платите растат и во здравството, во образованието, во детската и социјалната заштита, во одбрана и полиција. Како Влада обезбедивме над 700 милиони евра поддршка и помош на стопанството кое се соочи со предизвиците што ги донесе коронакризата, заклучи Битиќи на маалската средба во Гостивар.

Шилегов и Наумоски: Ѓорче Петров расте и се развива. Ги реконструиравме улиците Ѓорче Петров и 4-ти јули, а започнавме и со реконструкција на улицата Лука Геров. Ги расчистуваме дивите депонии во општината, пробивме нови велосипедски патеки и подигнавме нови зелени површини. Поставуваме нова фекална и атмосферска канализација онаму каде што е потребно. Сето тоа го правиме заедно со локалната власт, за граѓаните на Ѓорче Петров, посочи Шилегов.

Вчера се аплицирани 12.022 вакцини, ревакцинирани се 547.105 граѓани. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. 

Бујар Османи се вакцинираше по третпат. Иако науката се уште не расчистила со оваа дилема, а за тоа нема ни формална одлука на Владата, Османи сакаше со личен пример да ги мотивира граѓаните во Тетово да се вакцинираат и да покаже со личен пример дека тој како доктор ја смета вакцината за безбедна.

До 15 септември аплицирање за средношколски стипендии.

(СНИМКИ) Пожарот на Галичица активен, слушнати околу 20 експлозии на мини гранати од Прва светска војна.

И. Т. З. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Стармер најави состанок во Лондон за „ресетирање“ на односите на Велика Британија со ЕУ

May 16, 2025

Мицкоски вели – стратешкиот договор со ОК ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Украина е подготвена за мир, Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од сопатник со Албанија, Македонија десетици чекори зад неа на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk