ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ахмети: Кандидатите за градоначалници на ДУИ имаат пет програмски цели, меѓу нив и зелената агенда

September 5, 2021 13:07
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ја претстави зелената агенда на кандидатите за градоначалници.

Верувајте во зеленото! Ова им го реков и на моите сопартијци на вчерашната средба, а Вас, денес ви велам: да го оствариме заеднички зелениот сон.

Изборната кампања треба да покаже како кандидатите ќе ја развијат уште повеќе нивната општина, но и повеќе од тоа, како ќе ги вклучат граѓаните повеќе и како ќе го слушат секојдневно нивниот глас.

Ние во ДУИ сме се потрудиле да останеме доследна партија на даден збор и на остварено дело. Затоа, се договоривме сите кандидати да се придржуваме на зелената агенда за да го подобриме квалитетот на живеењето.

Зеленото подразбира чисти општини, без отпадоци по улиците и населбите. Зеленото значи чиста вода за пиење во сите општини. Зеленото значи чист воздух за нас и за нашите деца. Зеленото, драги пријатели, е живот. Но истовремено подразбира и модерна патна инфраструктура, чиста и евтина енергија за сите граѓани создавајќи одржливи работни места за поттик на нашата економија.

Како резултат на нашата нова агенда, им порачав на нашите кандидати за градоначалници на општините во наредните четири години дека нивна обврска е да ги направат нашите општини уште подобри, позелени за живеење во нив.

Токму тоа е зелената агенда. Тоа е живот, поквалитетен живот за сите граѓани.

Вака сакаме да се владеат нашите општини и дозволете ми да ја претставам нашата зелена гаранција за нашите општини со која ние ги задолжуваме и обврзуваме градоначалниците.

Првата е зелената агенда. Ова подразбира ефективно менаџирање со отпадот, заокружување на канализационата мрежа и чиста вода за пиење, гасификација, велосипетски и пешачки патеки, паркинзи, непречен собраќај, повеќе зеленило, повеќе паркови.

Втората е дигиталната агенда. Електронската администрација е клучот за ефикасна јавна услуга, но и транспарентна давајќи целосно дигитални услуги. Е – општина подразбира и дигитализација на училиштата, брз и квалитетен интернет во сите населени места но и соодветна исфрастуктура за тоа.

Третата е агендата на отворена врата. Градоначалниците се во служба на граѓаните и нашите општини им припаѓаат на граѓаните. Не смее да има затворена врата за маката на граѓанинот. Сите граѓани ќе имаат целосен пристап до општините бидејќи општината е нивна.

Четвртата е: Агендата на вклучување на граѓаните. Секојдневната политика подразбира чести и важни одлуги кои влијаат во секојдневниот живот на граѓаните и нивната иднина. Вклучувањето на граѓаните во одлучувањето подразира дека големите одлуки нема да се носат од тесниот раководен круг на општината, но од Вас, граѓаните. Сите градоначалници на нашите општини се обврзуваат да организираат референдум за сите важни прашања и да ја почитуваат волјата на граѓаните.

И петатта е: агенда нула. Да бидеш избран значи да ја придобиеш довербата на граѓаните. Нашите граданочанлици на општините ќе ја обезбедат и оддржат оваа доверба по секоја цена. Затоа, новитет на овие избори е политиката НУЛА, што подразбира нула отпад, нула злоупотреба, нула лошо менаџирање, нула корупција, нула кучиња скитници, нула недостаток на паркинг, нула градби без дозволи, нула негрижа за граѓаните.

Овие пет завети не се само едно изборно ветување на нашите кандидати за градоначалници, но се нов задолжителен код на нашето однесување. Квалитетен живот за сите граѓани. За ова ќе ги држиме за збор сите градоначалници.

Нашите правци секогаш сме ги избирале заедно.

Денес го избираме зеленото, го избираме животот, затоа што ова е најдоброто за нас и за идните генерации.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ(фото: Б. јордановска/ЦИВИЛ)

Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

June 17, 2025

Србија: Студентите во блокада поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на повредените од пожарот во Кочани

June 17, 2025

Вахиди: Иран сè уште не ја искористил најновата генерација проектили

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници открија мистериозни радио бранови кои доаѓаат од под мразот на Антарктикот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад, има повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk