ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Анкета: 71,5 отсто од невакцинираните во Грција се против Договорот од Преспа

September 5, 2021 13:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вакцинираните во Грција со поделено мислење за Договорот од Преспа, а меѓу невакцинираните, седум од десет го оценуваат негативно решението меѓу двете земји, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од „About people“ за грчкиот информативен портал „Њуз24/7“, во кое се анализира профилот на вакцинираните и невакцинираните, преку нивните ставови за актуелни теми, јави дописничката на МИА од Атина.

Во анкетата, испитаниците одговараат на низа прашања поврзани со  пандемијата, вакцината, Европската унија, претседателите на САД и Русија, како и Договорот од Преспа, а се прави и дополнителна анализа на одговорите врз основа на тоа дали учесниците во истражувањето се вакцинирани или не.

На прашањето „Кое е вашето мислење за Договорот од Преспа?“, четири од десет анкетирани (40,7 отсто) одговориле „позитивно“ (23 проценти) или „веројатно позитивно“ (17,7 отсто), додека пак повеќе од половина (51,2 проценти) дале негативна оценка, односно 36,6 проценти изразиле „негативно“ мислење, а 14,6 проценти „веројатно негативно“.

Меѓу вакцинираните, преовладува позитивното мислење (46,3 отсто), но со само 0,8 проценти повеќе од оние кои имаат негативен став (45,5 отсто).

Од невакцинираните испитаници, како што пренесува МИА, позитивен став за Договорот од Преспа изразиле само 20,1 проценти, наспроти седум од десет, односно 71,5 отсто кои имаат негативно мислење.

За Европската Унија, позитивен став имаат 53,7 отсто, а негативен 42,5 проценти, додека пак позитивно мислење имаат шест од десет вакцинирани и само 28 проценти од невакцинираните.

Резултатите покажуваат дека претседателот на САД Џо Бајден е популарен кај вакцинираните, а рускиот претседател Владимир Путин кај невакцинираните.

Поконкретно, позитивно мислење за Бајден има  59,7 отсто од вакцинираните и само 19,7 проценти од невакцинираните.

Од друга страна, за Путин, позитивен став изразиле 61 отсто од невакцинираните и 33,5 проценти од вакцинираните.

Во однос на Ковид-19, седум од десет анкетирани изразиле страв од пандемијата и 78,4 отсто од оние кои се вакцинирале. Од невакцинираните, 70 отсто одговориле дека не се плашат.

Очекувано, мнозинството од невакцинираните, односно над 90 проценти, не се согласува ниту со задолжителната вакцинација за одредени категории, ниту со најавените мерки што ќе важат само за невакцинираните.

На прашањето зошто не се вакцинирале, 41 отсто одговориле дека „се уште не постојат доволно податоци за веројатни несакани дејства“.

Истражувањето на јавното мислење спроведено од „About people“ за информативниот портал „Њуз24/7“ било спроведено на 29 и 30 август 2021 година, а преку електронски интервју биле анкетирани 864 лица со право на глас.

Извор: МИА

Next Post
МИА

Ако попишувачот нема легитимација, граѓаните да не го пуштаат дома, апелираше Симовски

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk