ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Пожарот на Галичица се спушти на 1.600 метри надморска височина, во гаснењето се вклучи хеликоптер

September 5, 2021 17:12
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Еден хелихоптер на Воздухопловниот ВИНГ попладнево се вклучи во гаснењето на пожарот на планината ,,Галичица” кој е активен на непристапен потег.

Како што информираше градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски, хеликоптерот е на Армијата на Република Северна Македонија, а се работи за пожарот кој што влезе од Албанија пред шест дена.

– Синоќа се смени ветрот и се спушти подолу и денеска мораше да се интервенира со хеликоптер. Денеска со еден, утре најверојатно со два, а ќе има и интервенција со луѓе, изјави градоначалникот за МИА.

Изминатите шест дена високо на Галичица гореше ниска трева, а веќе од синоќа е зафатен мал дел од шумата, долу на 1.600 метри надморска височина.

На прашање на МИА какви се очекувањата за локализирање на пожарот, градоначалникот изјави дека ќе биде завршен до утре, најдоцна до задутре и, како што рече, ,,ако имаме среќа да заврне, ќе ни помогне”.

Според најавите во текот на утрешниот ден ќе се делува со две летала од воздух. А ќе интервенираат и претставници на Центарот за управување со кризи, НП „Галичица“, Дирекција за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица од Охрид и Службата за спасување на планина од охридскиот Црвен крст.

Од Општина Охрид велат дека се разгледува можноста да бидат вклучени и доброволци, доколку е тоа потребно.

Надлежностите за координацијата за справување со пожарот ги презема локалната самоуправа откако беше укината кризната состојба во која што надлежностите ги имаше Центарот за управување со кризи.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов денеска на прес-конференција појасни дека овој пожар е карактеристичен по една непријатна и ризична работа, а тоа е големиот број на експлозивни средства и направи, гранати, куршуми и разни други експлозивни средства што се наоѓаат и по самиот срт каде започна пожарот и истите се протегаат до подножјето во самата шума.

-Овој пожар е четврти пожар на истото ова подрачје во последните 10-15 години според оние расположливи информации до коишто дојдовме. При секој пожар од местото каде што гори се слушаат детонации, експлозии, истрели од куршуми. Палењето на тревата создава температура што ги активира овие минско експлозивни средства, коишто кога човек би згазнал на нив не би се активирале, бидејќи се стари повеќе од 100 години, вели Ангелов.

Тој истакна дека во текот на денешниот ден, од раните утрински часови до сега се слушнати најмалку три експлозии, што значи дека ова место каде што во моментов гори пожарот не е безбедно за пешадија, ниту за летање со хеликоптер.

Next Post
МИА

Попладневен преглед: Да се пуштаат само попишувачите со легитимација, Бени Шаќири во трка за Скопје, намален државниот долг од 55,9 на 52 % од БДП

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk