Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ Александар Пандов и претседателот на партијата, Хрисијан Мицкоски не се согласуваат кога станува збор за Димитар Апасиев и Левица. Во интервју на ТВ АЛФА, Пандов го нарече Апасиев тртка и диво месо и рече дека глуми опозиција, а и дека направил сè во корист на Заев.
За разлика од него, Мицкоски неколкупати го повика Апасиев да се обединат, како што вели, против Заев. Во интервју, исто така емитувано на ТВ АЛФА, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ќе инсистирал ИК и ЦК на партијата да донесат одлука, помеѓу првиот и вториот круг на Локалните избори, во оние општини каде што Левица ќе има кандидат за градоначалинк, наспроти кандидат од власта, да гласаат за Левица.
Извор: Сеир