ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Заев: Секој кој прекршил закон треба да одговара, но не може однапред да биде осуден

September 7, 2021 12:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска во врска со случајот на упасените македонски дипломати во Србија истакна дека секој што го прекршил законот треба за тоа да одговара, но, оти никој не треба да биде прогласен за виновен додека вината не се докаже. Се што државата ќе добие како информација, а ќе може да биде споделена со јавноста, како што нагласи, власта ќе ја сподели. 

-Секако прво треба никој да не го прогласуваме виновен додека тоа не се докаже. Но штом има прифатено меѓународна потерница тоа значи дека една држава веќе издала правен акт, тоа е Ерменија. И тоа е докажано само во таа држава. Во делот на меѓународната правна помош и на меѓународната регулатива наше е прво да го видиме предметот и да ги видиме доказите. Тоа се што знам јас е на пример од медиумите, затоа што ние добиено предмет, немаме правно толкување на кои членови од законот во таа земја се прекршени и слично. И навистина не е мое да коментирам детали. Но, дефинитивно она што ќе кажам е дека секако секој треба да си одговара доколку го прекршил законот и дома и надвор од државата. Но, да оставиме прво да видиме за што навистина се работи, рче Заев во одговор на новинарско прашање.

Се работи, додаде,  за една земја која што не ни е толку позната, не е некоја од соседството, не ги знаеме деталите.

Тој потенцира дека се почитуваат меѓународните стандарди и договори кои што постојат.

Прво, како што нагласи, се работи за наш граѓанин и апсолутно ние секој наш граѓанин стоиме позади него се додека не ни достави некој материјали дека направил кривично дело надвор од државата спротивно на законите во тие држави каде што бил и сл.  Втора работа што треба да се знае е дека дипломатите своите работи ги завршува дел дома во МНР и дел во нашите амбасади и тие се на ниво на амбасадор – советник, амбасадор – соработник и слично коишто работат во институциите. Тоа што го знам дека овој човек, дипломат бил доста активен и во времето на ВМРО-ДПМНЕ, и на Антонио Милошоски и на Никола Поповски министерот, тогаш бил и назначен во ОБСЕ по различни линии, односно прво гледате дека е и активен човек во времето на ВМРО-ДПМНЕ, бил испраќан и понатаму на мисии. Тие се вработени луѓе во МНР, рече премиерот Заев. 

Тој додаде дека затоа сите детали коишто ќе стигнат од аспект на МНР ќе ги соопшти министерот за надворешни работи, а од аспект на министер за внатрешни работи и од министерот за правда во делот на истрагата. 

извор: МИА

Next Post

МЗ: Вчера се аплицирани 14.159 вакцини

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk