ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Брунбауер: По 30 години независност, земјата заслужи преговори за членство во ЕУ

September 8, 2021 12:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во коментар по повод 30-годишнината од независноста, професорот Улф Брунбауер објаснува зошто земјата конечно заслужи да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

Северна Македонија слави 30 години независност на 8 септември. Во изминатиот период, општеството и политиката постигнаа неверојатни работи, иако земјата, како ретко кој во регионот, мора да се бори против апсурдниот отпор кој доаѓа и од ЕУ: Бугарија се спротивставува на преговорите за пристапување во ЕУ, бидејќи не сака да ја признае историската независност на македонската нација. Затоа, крајно време е успешната приказна на Северна Македонија да се донесе до среќен крај со пристапување во Европската унија, пренесува Дојче веле.

Во Франција постои салатата Macédoine подготвена од свежо и варено овошје и зеленчук – задоволство кое живее од својата разновидност. На многу начини, Северна Македонија – преку својата мултиетничка и верска разновидност, нејзината архитектура и природа, но и нејзината комплицирана, контроверзна историја и контрадикторен општествен развој – ја отсликува балканската разновидност. Граѓаните на последните избори јасно ставија до знаење дека не само што сакаат да ја зачуваат оваа разновидност, туку и дека сакаат да ја донесат во ЕУ.

Фантомската болка на Бугарија 

Политиката и општеството во Северна Македонија во изминатите 30 години од независноста покажаа неверојатна отпорност. Токму поради сѐ уште тешката економска состојба и активностите на антидемократските сили однадвор – Русија, Турција, Србија, но и Унгарија – на Балканот, една реална ЕУ перспектива е уште поважна, особено доколку Северна Македонија „лиферува“.
Фактот што Бугарија, како земја што се претставува како најголем пријател на Северна Македонија и како сосед кој треба да има витален интерес од брзото членство во ЕУ, го блокира тоа, е повеќе од иронија.

Сето тоа може да се претвори во трагедија, не само за Северна Македонија, туку и за и онака веќе распуканиот имиџ на ЕУ на Западниот Балкан, каде што луѓето се гледаат себеси заробени во вечната чекалница и малтретирани од постојани нови барања. Изгледите за членство во ЕУ на крајот се единствениот ефективен инструмент за надворешната политика на ЕУ – а токму тој сега е блокиран од држава како Бугарија, која ни самата во моментов не е во состојба да формира влада, но веќе 100 години страда од македонска фантомска болка.

Професор д-р Улф Брунбауер е австриски историчар и директор на Лајбниц Институтот за Источна и Југоисточна Европа на Универзитетот Регензбург, Германија.

Извор: Дојче веле

Next Post

Честитка од Народната банка по повод Денот на независноста

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk