ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Нека ни се вековити самостојноста и државата, да живее Република Северна Македонија, досега попишани 150.000 граѓани, подготовките за изборите при крај, нова колумна од Боки Трајковски

September 8, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

8 септември, Денот на независноста е еден од најсветите и најсветлите датуми од историјата на Северна Македонија. Нека ни е честит јубилејот – 30 години независност. Нека ни се вековити самостојноста и државата. Да живее Република Северна Македонија, напиша премиерот Заев.

Пописот на населението и објектите во првите три дена, со исклучок на привремените технички проблеми, се одвива добро и досега се попишани околу 150 илјади граѓани. Софтверската апликација за попишување е апдејтирана и системот е рестартиран за непречено продолжување на пописот.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР го започна процесот на набљудување на локалните избори закажани за 17 октомври, остануваат уште два дена за увид во Избирачкиот список и четири дена за поднесување кандидатури за градоначалници и советнички листи за изборите. Обуките за употреба на терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти се отпочнати. Првпат на овие избори во земјата ќе се применат терминали и систем за вчитување на отпечатоци од прсти.

Заклучно со 4 септември со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 44,6 проценти од населението над 18 годишна возраст. Вкупно 54 отсто од граѓаните над 40 години имаат примено барем една доза на вакцина, како и 29 проценти од граѓаните на возраст помеѓу 18 и 39 години. Вакцинирани се близу половина од полнолетните граѓани, надлежните со повик до младите да се вакцинираат.

На Клиниката за Тоарилуц, днеска е направена втората трансплантација на коскено ткиво од починат донор, информира министерот за здравство Венко Филипче. Министерот преку својот фејсбук профил објави дека станува збор за сложена операција кај 40-годишна пациентка од Штип, која минатата година при сообраќајна незгода се здобила со скршеница на десната бутна коска, а поради незараснување на скршеницата имала потреба од трансплатација на коскено ткиво.

По барање на Основното јавно обвинителство Гостивар, на Зоран Милески Кичеец вечерва му е одреден 30 дневен притвор за тешката сообраќајна несреќа во која седум лица беа повредени, а едно го загуби животот.

Сè е во рацете и во главата на луѓето. Можеби обратно е посоодветно. Како и да е, не е битна нивната образованост, креативност, инвентивност, битна е подготвеноста на зависност на луѓето од сите структури кои ја промовираат независноста… Независна држава со зависна младина, нема иднина… пишува БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ.

М. М.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Македонската независност, од проодувањето до денес

НАЈНОВО

Судот на правдата на ЕУ: Ударот од гром во авион е оправдана причина за големо задоцнување

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
куче

„Лајка“ полни 5 години: Вдомете куче и почувствувајте го пулсот на хуманоста

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од локални до национални: Зошто изборите во општините со мнозинство албански гласачи се клучни?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk