Пендаровски нагласи дека континуитетот, но и концептот на државата е јасно впишан и во клучните документи на трите Илиндени: Крушевскиот манифест кој декларира соживот меѓу еднаквите, Декларацијата за основните права на граѓанинот на демократска Македонија од Св. Прохор Пчински и Декларацијата за сувереност и ја потврдуваат визија на основачите за демократска република, втемелена врз сите меѓународни документи и принципи за човековите права и слободи.
Најсветол е затоа што пламенот за создавање на државност што Македонците и Македонките го носеа во себе го одржуваа жив со силна поддршка на Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и сите други. Силен и постојан е огнот кој постојано се храни од различните искри и пламени. Тој оган во душите на неброени генерации се разгоре од искрата на идејата дека самосвеста за јасната национална определеност треба да живее, да расте и да се развива во своја, сопствена држава. Таа идеја низ вековите никој не можеше ни да ја сопре, ниту да ја сотре. Гинеа за неа илјадници наши претходници, прадедовци, дедовци, татковци и браќа, мајки и сестри, другарки и другари – и таа остана жива. Затоа што се чуваше во срцето, во душата и се хранеше од визијата за самостојна македонска држава, напомена премиерот
Во присуство на државниот врв на земјата, на пратениците и на членовите на Владата и претставници на државната управа и другите општествени институции, на претставници на граѓанското општество и верските заедници, како и во присуство амбасадори и други членови на дипломатскиот кор во земјата и на граѓани, со почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19, програмата посветена на тридецениската самостојност на државата продолжи со предвиденото свечено дефиле, информираа од Влада.
Имаме една заедничка држава и сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме, за нас и за идните поколенија, истакна претседателот на Собранието. Да градиме општество во кое сите ние, сега и во иднина ќе се чувствуваме рамноправни, почитувани, еднакви пред законот и правдата, едноставно, ќе се чувствуваме свои на своето, затоа што сите заслужуваат да живеат, растат, се образуваат и творат во држава во која почитувањето на човековите права и слободи е природно и универзално право без преседан. Заедно ќе се радуваме и ќе плачеме за сите победи и порази, за сите блескави и не толку блескави моменти, затоа што тоа е да бидеш едно, тоа е да бидеш заедно, порача Џафери, кој присуствува на Светската конфернција на претседатели на Парламенти во Виена.
Во последните 24 часа се направени 6.480 тестирања, а регистрирани се 702 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 280, Струмица – 49, Куманово – 47, Штип – 37, Гостивар – 33, Тетово – 28, Охрид – 26, Кичево – 19, Битола – 17, Прилеп, Велес и Кавадарци – по 16, Свети Николе – 14, Радовиш -13, Струга – 10, Ресен, Крива Паланка, Делчево, Виница и Пробиштип – по 9, Дебар – 8, Гевгелија и Берово – по 5, Кочани, Неготино и Кратово – по 4, Валандово и Демир Хисар – по 2, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.