ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Од најдоброто во минатото создадовме држава со сосема извесна европска иднина, народот и државата гордо ја покажаа својата сила и убавина пред Собранието

September 8, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Пендаровски нагласи дека континуитетот, но и концептот на државата е јасно впишан и во клучните документи на трите Илиндени: Крушевскиот манифест кој декларира соживот меѓу еднаквите, Декларацијата за основните права на граѓанинот на демократска Македонија од Св. Прохор Пчински и Декларацијата за сувереност и ја потврдуваат визија на основачите за демократска република, втемелена врз сите меѓународни документи и принципи за човековите права и слободи.

Најсветол е затоа што пламенот за создавање на државност што Македонците и Македонките го носеа во себе го одржуваа жив со силна поддршка на Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и сите други. Силен и постојан е огнот кој постојано се храни од различните искри и пламени. Тој оган во душите на неброени генерации се разгоре од искрата на идејата дека самосвеста за јасната национална определеност треба да живее, да расте и да се развива во своја, сопствена држава. Таа идеја низ вековите никој не можеше ни да ја сопре, ниту да ја сотре. Гинеа за неа илјадници наши претходници, прадедовци, дедовци, татковци и браќа, мајки и сестри, другарки и другари – и таа остана жива. Затоа што се чуваше во срцето, во душата и се хранеше од визијата за самостојна македонска држава, напомена премиерот

Во присуство на државниот врв на земјата, на пратениците и на членовите на Владата и претставници на државната управа и другите општествени институции, на претставници на граѓанското општество и верските заедници, како и во присуство амбасадори и други членови на дипломатскиот кор во земјата и на граѓани, со почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19, програмата посветена на тридецениската самостојност на државата продолжи со предвиденото свечено дефиле, информираа од Влада.

Имаме една заедничка држава и сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме, за нас и за идните поколенија, истакна претседателот на Собранието. Да градиме општество во кое сите ние, сега и во иднина ќе се чувствуваме рамноправни, почитувани, еднакви пред законот и правдата, едноставно, ќе се чувствуваме свои на своето, затоа што сите заслужуваат да живеат, растат, се образуваат и творат во држава во која почитувањето на човековите права и слободи е природно и универзално право без преседан. Заедно ќе се радуваме и ќе плачеме за сите победи и порази, за сите блескави и не толку блескави моменти, затоа што тоа е да бидеш едно, тоа е да бидеш заедно, порача Џафери, кој присуствува на Светската конфернција на претседатели на Парламенти во Виена.

Во последните 24 часа се направени 6.480 тестирања, а регистрирани се 702 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 280, Струмица – 49, Куманово – 47, Штип – 37, Гостивар – 33, Тетово – 28, Охрид – 26, Кичево – 19, Битола – 17, Прилеп, Велес и Кавадарци – по 16, Свети Николе –  14, Радовиш -13, Струга –  10, Ресен, Крива Паланка, Делчево, Виница и Пробиштип – по 9,  Дебар –  8,  Гевгелија и Берово – по 5, Кочани, Неготино и Кратово – по 4, Валандово и Демир Хисар – по 2, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1. 

Next Post

Заев: Ги славиме придобивките од независноста и историјата којашто денес ја пишуваме сите ние заедно – нека ни се вечни самостојноста и државноста

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk