ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Локални избори – „сламка за спас“ на партиите

September 9, 2021 09:22
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Се разбира дека предизборната кампања за локалните избори е во полн ек, многу недели пред нејзиниот официјален, законски почеток. Во тоа учествуваат сите партии од опозицијата и власта, како и независните кандидати, што атмосферата во јавноста ја прави изборно наелектризирана по веќе видените теркови на општо напаѓање на секој против секого, често и на теми кои немаат врска со локалниот живот на населението. На тоа веќе одамна навикнавме.

Но, она што е ново за овие локални избори се предизборните меѓуетнички коалиции, катастрофално малиот број на жени-кандидати за градоначалничките (а и за советничките) функции и релативно поголемиот број на независни советнички листи и градоначалнички кандидати, поддржани и неподдржани од поголемите партиски формации во земјава.

Овој микс од демократски прогрес и регрес говори за кризата на довербата кај јавноста кон постоечките, етаблирани партии, нивните понуди и самите општински и државни лидерства. На пример, бројот на лекари-кандидати на партиските листи (најголем број на мажи, притоа) е една илустрација за тоа „фаќање за (кандидатска) сламка“ кај партиите, бидејќи директно се апелира на емпатијата на гласачите и нивниот емотивен капацитет: лекарската професија веројатно е една од оние кои имаат најмалку врска со комуналните проблеми на локалните заедници, ДУП-овите и противпожарните единици по општините, а најмногу врска со „стравопочитта“ кон белите мантили во време на здравствена криза. (Друго прашање е што ги тера луѓето кои вложуваат десетина години во стекнувањето на својата лекарска експертиза, а потоа и уште многу години на нејзиното специјалистичко, практично усовршување, да се понудат да решаваат проблеми со катност на градби, паркинзи, јавен превоз, затнати канализации и павер-елементи?! Можеби феноменот на „градежни маркички“ да има некаква врска со тие амбиции…)

Во контекстот на таа партиска несигурност е и „поплавата“ од мажи по кандидатските листи, тоа „бегање“ кон маскулинистичкиот модел на нашата културна матрица, таа овдешна преференција за „постигања, хеоризам, наметнување и материјалните награди за успехот“ (Хофштеде), наспроти „женските“ принципи за „соработка, скромност, грижа за послабите и за квалитетот на животот“ (истиот тој Хофштеде).

Има врска тоа и со она што во социологијата се нарекува „општествена дистанца кон моќта“ и индивидуалистичкиот наспроти колективистичкиот дух на нацијата. Ја пропуштаме шансата со кандидатските листи на овие локални избори да се „мрднеме“ од тој наш балкански и јужноевропски менталитет – освен ако гласачите не решат директно да интервенираат на самите избори, па да ги изгласаат сите жени кандидирани за функциите! Којзнае…

Предизборните коалиции се посебна приказна и, навистина, тие во оваа фаза се повеќе резултат на локална математика, на „политичкиот опортунитет“ (Петар Арсовски), отколку на искрената потреба за идеолошка меѓуетничка соработка. Но, и тоа е напредок во вистинска насока на мултиетничкиот демократски модел што го развива Македонија, уникатно, на Балканот. Идејата за „Едно општество за сите“, колку и да се избанализира и „испартизира“ од нејзината првична промоција до начинот на којшто се спроведува денес, ја постигна барем таа цел да биде вклучена (со различни „тумбања“ и перверзии) кај сите мејнстрим партии. Впрочем, барем досега, видно сме „поштедени“ од меѓуетнички препукувања во партиските реторики на овие локални избори, што е постигнување само за себе!

Конечно, незвисните листи/кандидати – квалитетот на тие предлози се „засенува“ од еден број на „селебрити“, шарлатани и локални „фаци“ што пројавуваат амбиција (или некаква своја „математика“) за трчање во изборната кампања. И тој феномен е карактеристика на напредокот на демократијата, па ќе биде интересно, постизборно, да се анализираат резултатите на тој директен демократски „експеримент“. Од него ќе можат да се извлечат и поуки за евентуалната промена на изборниот модел во Македонија („отворени“ листи итн.), бидејќи изборот на „нови“, „независни“ и кандидати-„аматери“ на функции не е, неопходно, гаранција за нивниот општествено-политички квалитет за управување со јавните интереси (не знам зошто, Бугаринот Слави Трифонов ми паѓа на ум), но е гаранција за здодеаноста од општествено-политичкиот квалитет на постоечката партиска кадровска понуда.

Тоа е демократијата: една бескрајна низа на одлуки за чии последици се надеваш дека ќе имаш можност да ги поправиш на следните слободни избори.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Вимблдон ФБ

(ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

July 8, 2025

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

July 8, 2025

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk