ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

За глас повеќе, не се бираат средства – трагедијата во Тетово се користи за партиски интереси

Најверојатно во намера да се добие глас повеќе на претстојните локални избори, раководството на ВМРО-ДПМНЕ веќе не бира средства и си поигрува со мирот на граѓаните, креирајќи гнев, што особено на социјалните медиуми се преточува во директни закани по животот на функционерите и на сите што не се согласуваат со нив.

September 10, 2021 13:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Архивска фотографија од герила акција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, 2020 г.

Архивска фотографија од герила акција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, 2020 г.

Share on FacebookShare on Twitter

Среде тридневна жалост по трагедијата која се случи во тетовската модуларна болница, каде животот го загубија 14 лица, опозицијата продолжува да се обидува политички да поентира. Вечерта, кога се случи трагедијата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил напиша дека „сите капацитети на партијата се на располагање“. Оттогаш па наваму, во сите партиски соопштенија, тие изразуваат и поттикнуваат сомнежи во независната истрага. Без никакви докази и аргументи, прстот директно го вперуваат кон премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, барајќи оставка.

Со ваквата реторика и насоки, кои потоа членовите на партијата ги шират на социјалните мрежи, ВМРО-ДПМНЕ директно се впушти во поткопување на довербата во институциите, со што, пак, индиректно врши притисок токму врз обвинителите задолжени за истрагата.

„Нема објективна истрага со Заев и Филипче“, „Владата молчи и не дава информации“, гласат дел од насловите на партиските соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ, со кои дополнително сеат паника, недоверба и омраза кај граѓаните.

Деструктивноста, како и секогаш во тешките мигови со кои се соочувала нашата земја, единствено ја манифестираат со шпекулации и ширење конспирации и теории на заговорот, без воопшто да ги почекаат податоците од вештачењето.

Од друга страна, раководството на ВМРО-ДПМНЕ, за жал, неколкупати во своето единаесетгодишно владеење, се најде во ситуација да менаџира во услови на природни катастрофи и слични непогоди. И покрај жртвите, вмровската власт никогаш не се ни обиде да работи на решавање на проблемите. Напротив, фокусот секогаш им беше на нивните некапитални инвестиции, како што се стотиците споменици во центарот на Скопје.

За разлика од нив, тогашната опозициска партија, која сега ја предводи Владата, бараше одговорност врз основа на факти и издржани аргументи за нивното неодговорно работење. И сега владата се држи до својот збор и за конкретниот случај со пожарот во модуларната болница, веќе работи одговорност да има и тоа врз основа на одговорите што ќе ги даде независната истрага, во која дури ќе бидат ангажирани и странски експерти.

Сепак, најверојатно во намера да се добие глас повеќе на претстојните локални избори, раководството на ВМРО-ДПМНЕ веќе не бира средства и си поигрува со мирот на граѓаните, креирајќи гнев, што особено на социјалните медиуми се преточува во директни закани по животот на функционерите и на сите што не се согласуваат со нив.

Д. Е.

Next Post

МЗ:80% од новите случаи и 84% од хоспитализираните, со Ковид 19 се невакцинирани

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk