ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ОЈО ќе ја анализира целокупната документација за градбата на Модуларната болница во Тетово

September 13, 2021 15:39
in ДЕНЕС, ПРАВДА
EPA-EFE/Georgi Licovski

EPA-EFE/Georgi Licovski

Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство Тетово продолжува со континуирано преземање дејствија за расчистување на трагичниот настан во модуларната Ковид болница, кога 14 лица го загубија животот во пожар. И покрај досега издадените мерки и писмени наредби за вештачења, донесена е писмена наредба до Министерството за здравство на Република Северна Македонија за предавање на целокупната документација по однос на градбата на Модуларната болница при ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, која ќе биде предмет на разгледување и анализа, информираат од ОЈО.

Петтемина обвинители поднесоа барање за пружање помош во кривична постапка до Основно јавно обвинителство во Велес, за од правно лице од Велес, да се одземе целокупната документација по однос на градбата на Модуларната болница во Тетово.

– Дополнително доставена е наредба до ЈЗУ Клиничка болница во Тетово за доставување на податоци во насока да се утврди дали ЈЗУ Клиничка болница во Тетово има изготвено Елаборат за складирање на хемикалии и горива, како и генератори при прекин на струја, како и да се достави Планот за електрична инсталација на Модуларната болница. Издадена е писмена наредба до ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, да се достави Планот – елаборат на системот за снабдување со кислород со доводи, цевки и приклучоци за Модуларната болница при ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, се вели во соопштението од ОЈО.

До „ЕВН Македонија“- КЕЦ-Тетово издадена е писмена наредба за доставување на елаборат за снабдување со електрична енергија, односно Планот за целокупната електрична инсталација за Модуларната болница при ЈЗУ Клиничка болница во Тетово.

– Покрај претходно издадена усмена наредба до инспекторите за компјутерски криминал на СВР-Тетово, доставена е писмена наредба да бидат обезбедени снимките објавени на социјалните мрежи, со акцент за обезбедување на снимките во текот на пожарот, да се достават службени белешки или евентуално записници за обавените разговори на критичниот ден, обезбедување листа на членови на семејствата, како и на починатите лица, како и од пациентите болни од Ковид-19 кои биле евакуирани. По прибирање на потребните податоци, лицата ќе се сослушаат во Основно јавно обвинителство во Тетово и ќе биде подготвен посебен извештај во врска со првопристигнатите полициски службеници, во смисла на тоа дали презеле некои дејствија на кршење на прозори, врати или ѕидови или во внатрешните простории, дали некое полициско лице било присутно на лице-место, за начинот на кој е известено во СВР-Тетово за настанатиот пожар, како и од кого биле известени, се вели во соопштението од ОЈО.

Доставена е, исто така, наредба да се обезбеди целокупната документација по однос на градбата на Модуларната болница при ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, а побарано е да се обезбедат податоци во врска со лицето кое било одговорно за раководење со изградбата, лицето кое имало овластување за надзор при градбата на истата, да се достави извештај дали е извршен технички прием и доколку е извршен – кој го извршил и кои лица ја изготвиле техничката спецификација за јавната набавка за Модуларните болници изградени во Република Северна Македонија.

Исто така, издадена е и Наредба за градежно вештачење до Градежен институт „Македонија“, за да се подигнат примероци од опожарениот вграден градежен материјал од самото место на настанот – под, таван, ѕидови, прозори, врати, изолација и слично од Модуларната болница, со цел да се испита и да се образложи од каков материјал се изработени, каков материјал е вграден во Модуларната болница во Тетово и да се преземат и други потребни дејствија, кои се во насока на утврдување на составот на градежните материјали.

Истовремено, обвинителството, информираат од ОЈО, продолжува да сослушува сведоци и лица кои даваат потребни известувања, по однос на трагичниот настан.

Основното јавно обвинителство во Тетово во соработка со Основното јавно обвинителство во Скопје, презема дејствија и активности со цел да се утврди дали и какви мерки на противпожарна заштита се применети во Модуларната болница во Тетово од пуштањето во употреба до денот на настанување на пожарот.

Притоа донесена е писмена наредба со цел да се прибават и сите протоколи за начинот на работа, како на Модуларната болница, така и на ЈЗУ Клиничка болница во Тетово. Обвинителството, информираат од ОЈО, продолжува со преземање на дејствијата до целосно расчистување на причините за настанатиот пожар во модуларната болница во Тетово.​/МИА/.

Next Post

Зоран Милески Кичеец преместен во полуотвореното одделение во Затворот Струга

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk