ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца – нови методи за превенција, размена на искуства

September 13, 2021 11:59
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Пилот-проектот за Систем за рано предупредување за исчезнати деца има за цел да ги подобри постојните пристапи и да најде нови методи за превенција, истрага и ублажување на трговијата со луѓе и деца, како и зајакнување на правата на засегнатите лица преку размена на искуства од државите од регионот и Европа. Ова беше посочено денеска од учесниците на почетната онлајн средба за овој пилот-проект, кој што е организиран од здружението „Новинари за човекови права“.

Овој пилот-проект е во соработка и под проектен менаџмент на „ECPAT Австрија“. Почна од 1 јули оваа година, а ќе се спроведува до 31 декември 2022 година. Финансиски е поддржан од Федералното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.

Александра Радевска, проектен координатор од Новинари за човекови права денеска на средбата посочи дека проектот досега успешно се спроведува, а ќе се потпрат и на австриско искуство, бидејќи таков систем во Австрија веќе постои, како што постои и во многу други држави во светот. Како што рече, најпознат е американскиот систем каде што првпат беше воведен. Исто така, го има и во државите во регионот, Грција, Бугарија, Романија, Италија..

Пилот проектот за Систем со рано предупредување за исчезнати деца, како што рече Радевска, во нашата држава ќе вклучува повеќе активности, меѓу кои се ангажирање на засегнати страни преку обуки и размена на добри практитки од искуства од Европа и регионот, подготовка на прописи, подготовка на мрежи и безбедноста на интернет преку иновативни техники, развој на алатки за онлајн безбедност и пилотирање на тој систем за рано предупредување за исчезнати деца.

 

-Бидејќи забележуваме дека се поголем број деца исчезнуваат, но за жал не можат доволно добро и достојно да се следат, во таа ситуација некои од нив стануваат жртви на насилство, експлоатација и трговија со деца. Причините се сиромаштијата, невработеноста, семејното насилство, кое што е малку потешко да се следат во овој период на пандемија, а тука на удар секако се најмногу одредени маргинализирани групи, додаде Радевска.

Таа додаде дека групата на ромската популација се особено изложени на ризик да бидат трговани, а користењето на дигитални уреди кое се зголеми во време на пандемијата, е исто така ризик за злоупотреба.

-Делумно поради недостиг на знаење во управување со дигитални алатки се зголемува и ризикот да бидат злоупотребени децата преку онлајн медиумите, да бидат регрутирани за трговија со деца, што е повторно значително поголем ризик за деца од ранливи категории. Ние како партнери на проектот инициравме да работиме заедно да ги заштитиме децата од исчезнување и да спречиме да им се наштети на погодените, рече Радевска.

Како што напомена, размената на знаење со сите загегнати страни и на институционално ниво, но и споделувања на искуства од Европа ќе помогнат да се идентификуваат и да се насочат клучните иновативни алатки, како што се системи за рано предупредување, да се подобри дигиталната писменост, и некои иновативни алатки во тој сегмент, политиките за заштита на децата, да се работи со деца како јавни чинители, но и потреба за меѓусекторска соработка.

-Нашето законодавство во овој сегмент се уште не е транспонтирано во европска лагистлатива за трговија со луѓе. Ние сме една од државите во регионот која нема механизми и системи за рано предупредување на исчезнати лица, додаде Радевска.

Астрид Винклер, од партнерската организација „ECPAT Австрија“ денеска на средбата напомена дека се надева оти овој проект ќе биде успешен, а како што рече, кога станува збор за темите од овој вид, соработката на различни засегната страни е клучна.

-Во Австрија ние се фокусираме на кампањи, подигање на свеста, истражувања и вмрежувања кои се многу важни. Ние ќе споделиме важни практики од Австрија, но главните информации се од Новинари за човекови права. Имаме централизирани тела за борба против трговија со луѓе, но и експертизи за сите проблеми поврзани со трговија со луѓе, а исто така и работиме на воведување на специјализиран центар за трговија со деца, рече Винклер.

 

Претставник на Федералното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи, Харолд Фугер посочи дека ја поддржува оваа иницијатива и напомена дека е предизвикувачка но со вклучување на сите засегнати страни, истата ќе биде многу успешна.

– Ја поддржувам оваа иницијатива, честитки за имплементацијата на проектот, секогаш е предизвикувачки но сигурен сум дека сите институции ќе дадат свој импут и дека проектот ќе биде успешен. Овој проект нема да можеме да го реализираме доколку немаме поддршка и соработка од сите институции, потенцира Фугер на денешната почетна средба./ МИА/.

Next Post

Пладневен преглед: Јанчев - Моите бизнис релации со Тиквеш немаат врска со пласманот на грозје, не мислам дека цела Влада треба да даде оставка, вели Заев

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk