ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Досега попишани над половина милион граѓани, осуден чинот на објавување видео на пациентка со психичко нарушување, Мицкоски нема пим од Уставот

September 13, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Заклучно до 18:00 часот, попишани се 502.000 лица, објави денеска Државниот завод за стаистика и информира дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо.

Во врска со таканаречениот нон-пејпер кој беше објавен денеска во медиумите, Кабинетот на претседателот Пендаровски информира дека со Република Бугарија со месеци наназад не се водат никакви преговори и поради тоа од Софија до Скопје не е доставен никаков документ.

Клиниката за инфективни болести го осудува чинот на објавување видео на пациентка со ковид која има тешко психичко заболување, велат од КИБФС. Во време на пандемијата, Клиниката лекува секакви пациенти, со коморбидитети, комбинирани хронични заболувања, пациенти со психички растројства. Секој  пациент кој требало да се хоспитализира не е вратен и ја добил соодветната нега.

Заев го прими директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Јанез Копач. На средбата беше изразена благодарност за поддршката којашто ја дава Секретаријатот на Енергетската заедница за имплементација на законодавството во делот на енергетиката во Република Северна Македонија, пришто позитивно беше оценет напредокот во реформите во легислативниот дел, во насока на имплементација на Третиот енергетски пакет на законодавството на Европската Унија.

Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување Собранието одлучува на наредната седница, велат од СДСМ. На Мицкоски очигледно не му кажале каква се процедурите за поставување и разрешување министри, па затоа денеска излегува со смешни ултиматуми и предлози кои немаат никаква правна основа.

Упатувам голема благодарност до граѓаните кои ја препознаваат важноста од брзо и успешно спроведување на пописот и кои со масовен одзив учествуваат во оваа статистичка и државничка операција. До денеска, заклучно со 18.00 часот, попишани се повеќе од 502.000 лица, објави денеска премиерот Зоран Заев.

М. М.

 

Next Post

Децата во Њујорк се вратија во училиштата, наставниците ќе мора да се вакцинираат

EVN

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Гвинет Палтроу за поранешните љубови: Бен Афлек технички одличен, Бред Пит љубов на животот

January 7, 2026
Апсење на Николас Мадуро и геополитички последици по падот на Мадуро

Падот на Мадуро и скриениот губитник: Која држава ќе ја плати највисоката цена

January 7, 2026
Илустрација Фротнлајн, генерирано со ВИ

Божиќ – празникот на Христовото раѓање и зошто православните го слават на 7 јануари

January 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација. Фото Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Кои се најпродавани автомобили во Македонија во 2025 – што возиме најмногу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку точно заработија ѕвездите на „Stranger Things“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грок на Илон Маск под истрага за генерирање сексуално експлицитни дипфејкови од жени и малолетници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Хајди Клум ја испрати 2025 и ја дочека 2026 во топлес, на зајдисонце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија изгуби 90.000 војници за три месеци. Подготвуваме реорганизација на одбраната, вели Зеленски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk