Дијалогот на МОН со бизнис заедницата, општините и училиштата „Учи паметно, работи стручно“ ја исполни целта – учениците го препознаа средното стручно како образование што им отвора многу можности, а кај локалните самоуправи и компаниите ја зајакна свеста за потребата од вклучување во практичната обука на ученици, како решение за проблемот со квалификувани работници. Она што следи е дополнително зајакнување на системот на стручно образование, заедно со сите партнери и со меѓународна поддршка
Продолжува трендот на пораст на економската активност во Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) и во август, трендот е стабилен и очекувам да продолжи и до крајот на годинава. Вкупното ниво на нови странски инвестиции кои се веќе договорени, потпишани или се во процедура на одобрување во Влада е близу 160 милиони евра.
Со отворањето на македонскиот Културно-информативен центар овде во Тирана додадовме уште една алка во широкиот спектар за соработка и зајакнување на пријателството меѓу Албанија и Северна Македонија.
Мора да се забрза процесот на дигитализација со кој ќе им се олесни функционирањето на компаниите на македонскиот пазар, а за континуиран развој на фирмите, следење на најновите технологии и трендови потребна е соодветна деловна клима за што надлежност имаат државните институции.
Заменик министерот за внатрешни работи на Република Чешка Јиржи Новачек на министерот Оливер Спасовски му ја врачи донацијата- возила наменети за Одделот за организиран и сериозен криминал, кои ќе помогнат за уште подобри резултати на оваа организациска единица. Овие возила се набавени по пат на спроведување на постапка за јавна набавка на возила, а со наменски добиени средства со донација од страна на Република Чешка.
Улогата на жените во сите сфери на македонското општеството е значајна и важна. Нивната активна улога во креирањето и реализирањето на важните стратешки политички прашања од интерес на земјата ќе придонесе за афирмација и реализација на родово свесна политичка определба во подобрување на родовата еднаквост во областа на политичкото учество, а со тоа и учеството на жените во надворешната политика.
В.Д