Синоќа во Битола започна 42. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
Црвениот тепих за филмофилите беше поставен пред пациото на битолскиот Музеј, а на филмското платно беше емитуван македонскиот филм „Сестри“ кој неодамна на престижниот филмски фестивал во Карлови Вари, освои специјална награда од тамошнто жири.
Во филмот на режисерката Дина Дума и кинематогаферот Наум Доксевски настапуваат Антонија Белазелкоска, Миа Жиро, Ханис Багашов, Мај-Линда Косумовиќ и Верица Недеска. Филмот „Сестри“ е копродукција меѓу Северна Македонија, Црна Гора и Косово.
Најновото фестивалско издание на ИФФК „Браќа Манаки“, во градот под Пелистер се одржува под мотото „И покрај се’“.