ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Не размислувам за оставка, а премиер или заменик премиер ќе биде претседателот на Алијанса кога ќе заслужи, ќе даде идеи, ќе понуди решенија

September 17, 2021 07:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев не размислува да поднесе оставка по трагедијата во тетовската модуларна болница, а секое барање на опозицијата за негово отстапување од функцијата, вели, е чисто политикантство.

Прашањето дали ќе ја прифати оставката на министерот Венко Филипче, новинарите на премиерот му го поставуваат секој ден, но тој останува на ставот дека ќе донесе одлука за тоа откако ќе завршат форензичките вештачења и ќе се утврдат причините за несреќата.

Опозицијата продолжува да бара одговорност, но, како што рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не очекува непристрастна истрага „додека министерот за здравство е таму каде што е, додека неговиот заменик е таму каде што е и додека овие луѓе ја водат Владата“.

Според Мицкоски, јасно е дека модуларната болница немала дозвола, а е пуштена во употреба и овде треба кривична одговорност, 10-тина години затвор за тие што го дозволиле тоа да се случи.

 

-Мицкоски да дојде, премиер да биде? Не размислувам за оставка, а премиер или заменик премиер ќе биде претседателот на Алијанса кога ќе заслужи, кога ќе биде тука да даде идеи, да понуди решенија, не грозотијата да ја користи на најперфиден начин и тоа за време на трите денови на жалост, се од пуста желба за власт, да се победи. Се додека вака се однесуваат ќе губат на избори. Другата алетрнатива  е ова: заедништвото, инвестициите, повисоките плати, придонес во БДП, рече вчера премиерот Заев во врска со критиките од Мицкоски, но и барањето на лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села за негова оставка.

Тој уште еднаш повтори дека трагедијата во Тетово ги погоди сите и ќе ја памтиме цел живот.

-Изгубивме животи. Да ги причекаме форензичите извештаи. Злоуптребувањето на болката низ која минува цел народ е чисто политиканство, нагласи премиерот.

Мицкоски е дециден дека виновниците мора да сносат одговорност, функционална или морална.

Трагедијата во Тетово се случи на 8 септември годинава. Починаа 14 лица сместени во модуларната болница. Во тек е истрагата што се спроведува со поддршка на германски експерти. Тимот веќе пристигна и од вчера е на терен. /МИА/.

Next Post

Трето издание на мултимедијалната културна манифестација „КОКИНО – Тврдина на сонцето“

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 5 мај – Продлабочување во Стрелец

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk