ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Преглед на денот: Модуларните болници не се направени од стиропор како Скопје 2014, сè повеќе граѓани се попишуваат, вакцините нема да нè направат зомби

September 18, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Skopje 2014, Mass building site - by Deian Vladov / HBS / licence: CC-BY-NC-ND 2.0

Skopje 2014, Mass building site - by Deian Vladov / HBS / licence: CC-BY-NC-ND 2.0

Модуларните болници не се направени од пластика и стиропор како Скопје 2014 кое граѓаните ги чинеше над 600 милиони евра, велат од СДСМ. Игор Николов треба да се засрами кога бара одговорност, морал и етика. Треба да се засрами в очи да ги погледне неговите колеги лекари и здравствениот персонал кога зборува за градби. Треба да каже што можеше да се направи за здравствениот систем за 600 милиони евра.

Вкупно 871.488 лица, 272.177 домаќинства и 368.595 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.236 лица.

Во холот на НАТО во Пентагон се одржа церемонија на откривање на македонското знаме кое по членството во НАТО им се придружи на 29-те знамиња на останатите земји членки на Алијансата. Знамето симболично го открија министерката Радмила Шекеринска и помошничката секретар за одбрана на САД, Лора Купер.

Активни КОВИД-19 случаи во земјава има 13.008 од кои најголем број 5.798 се во Скопје. Вкупниот број ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 186.010, бројот на оздравени пациенти е 166.606, а на починати е 6.396, надлежните апелираат што поголем број граѓани да се вакцинираат.

Истекува рокот до кој општинските изборни комисии (ОИК) официјално треба да ги потврдат сите листи на кандидати за градоначалници и членови на општинските совети и Советот на Град Скопје поднесени од политичките партии, коалициите и групи граѓани за учество на локалните избори закажани за 17 октомври.

Истражители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера почнаа со првично разгледување на документацијата за пожарот во кој изгоре модуларната болница во Тетово. Документацијата ја добија од Бирото за јавни набавки и од Министерството за труд и социјална политика. Властите порачаа дека не може да има мешање во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово.

Симбол на криминал и корупција е ВМРО-ДПМНЕ, партија која е единствена на браникот на криминалот, велат СДСМ. Долг е списокот на лица осудени или лица против кои се водат судски постапки за сторени кривични дела. Прв на тој список е нивниот почесен претседател и осуденик во бегство Никола Груевски. По него е уште еден осуденик, Сашо Мијалков за кој со години се веруваше дека е недопирлив и над законите.

Вистиномер разобличи уште една лажна вест. Ковид-19 е реалност, луѓето не заболуваат од хемикалиите со кои наводно нè прскаат од небо. Постот што го анализираше Вистиномер.мк ја шири светски познатата теорија на заговор за „кемтрејлс“. Но, уште пред пет години група од 77 научници, откако ги прегледаа наводните докази дека некои авиони нè прскаат со хемиски супстанци, објавија извештај дека не нашле докази за „тајна атмосферска програма од големи размери“.

Единствениот начин да постигнеме колективен имунитет и да бидеме заштитени е вакцинирањето. Нема ниту еден аргумент зошто граѓаните не би се вакцинирале, тоа е единствениот начин . Ризикот да се добие Ковид-19 е многу висок. Сега, со есенските месеци, ризик факторите дополнително ќе се зголемуваат, луѓето повторно ќе бидат во затворени простории, затоа, апелирам граѓаните да ја сфатат оваа работа многу сериозно, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Бранко Тричковски во ФРОНТ:Демократската партија за национално единство се обидува да ја врати македонската материја во преддржавниот и преднационалниот статус. Тоа мораме да го освестиме. Всушност, затоа е внатрешна и револуционерна. Таа е вмро. Имаат Патриотски институт.  Кој ќе ви помогне да останете без Патрија. Тоа е неговата функција.

Смешно и апсурдно е тврдењето дека може да се стане зависен од вакцина, а уште поапсурдно е да се каже дека со вакцинација ќе станете зомби, се вели во анализата на Вистиномер.мк.

М. М.

Next Post

Истече рокот за потврдување на листите на кандидати за градоначалници и советници

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk