Модуларните болници не се направени од пластика и стиропор како Скопје 2014 кое граѓаните ги чинеше над 600 милиони евра, велат од СДСМ. Игор Николов треба да се засрами кога бара одговорност, морал и етика. Треба да се засрами в очи да ги погледне неговите колеги лекари и здравствениот персонал кога зборува за градби. Треба да каже што можеше да се направи за здравствениот систем за 600 милиони евра.
Вкупно 871.488 лица, 272.177 домаќинства и 368.595 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.236 лица.
Во холот на НАТО во Пентагон се одржа церемонија на откривање на македонското знаме кое по членството во НАТО им се придружи на 29-те знамиња на останатите земји членки на Алијансата. Знамето симболично го открија министерката Радмила Шекеринска и помошничката секретар за одбрана на САД, Лора Купер.
Активни КОВИД-19 случаи во земјава има 13.008 од кои најголем број 5.798 се во Скопје. Вкупниот број ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 186.010, бројот на оздравени пациенти е 166.606, а на починати е 6.396, надлежните апелираат што поголем број граѓани да се вакцинираат.
Истекува рокот до кој општинските изборни комисии (ОИК) официјално треба да ги потврдат сите листи на кандидати за градоначалници и членови на општинските совети и Советот на Град Скопје поднесени од политичките партии, коалициите и групи граѓани за учество на локалните избори закажани за 17 октомври.
Истражители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера почнаа со првично разгледување на документацијата за пожарот во кој изгоре модуларната болница во Тетово. Документацијата ја добија од Бирото за јавни набавки и од Министерството за труд и социјална политика. Властите порачаа дека не може да има мешање во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово.
Симбол на криминал и корупција е ВМРО-ДПМНЕ, партија која е единствена на браникот на криминалот, велат СДСМ. Долг е списокот на лица осудени или лица против кои се водат судски постапки за сторени кривични дела. Прв на тој список е нивниот почесен претседател и осуденик во бегство Никола Груевски. По него е уште еден осуденик, Сашо Мијалков за кој со години се веруваше дека е недопирлив и над законите.
Вистиномер разобличи уште една лажна вест. Ковид-19 е реалност, луѓето не заболуваат од хемикалиите со кои наводно нè прскаат од небо. Постот што го анализираше Вистиномер.мк ја шири светски познатата теорија на заговор за „кемтрејлс“. Но, уште пред пет години група од 77 научници, откако ги прегледаа наводните докази дека некои авиони нè прскаат со хемиски супстанци, објавија извештај дека не нашле докази за „тајна атмосферска програма од големи размери“.
Единствениот начин да постигнеме колективен имунитет и да бидеме заштитени е вакцинирањето. Нема ниту еден аргумент зошто граѓаните не би се вакцинирале, тоа е единствениот начин . Ризикот да се добие Ковид-19 е многу висок. Сега, со есенските месеци, ризик факторите дополнително ќе се зголемуваат, луѓето повторно ќе бидат во затворени простории, затоа, апелирам граѓаните да ја сфатат оваа работа многу сериозно, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
Бранко Тричковски во ФРОНТ:Демократската партија за национално единство се обидува да ја врати македонската материја во преддржавниот и преднационалниот статус. Тоа мораме да го освестиме. Всушност, затоа е внатрешна и револуционерна. Таа е вмро. Имаат Патриотски институт. Кој ќе ви помогне да останете без Патрија. Тоа е неговата функција.
Смешно и апсурдно е тврдењето дека може да се стане зависен од вакцина, а уште поапсурдно е да се каже дека со вакцинација ќе станете зомби, се вели во анализата на Вистиномер.мк.
М. М.