ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Преглед на денот: Минималната плата од 9.000 покачена на 15.200 денари, за 16 дена реконструиран булеварот Крсте Мисирков, успешните политики на Владата потврдени со анкета на Брима

September 20, 2021 22:40
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ПОЛИТИКА

За четири години успеавме да ја покачиме просечната плата на 28 .744 денари, минимланата плата од 8000-9000 денати сега е 15.200, БДП расте, вработеноста е намалена за 25 проценти, се што работиме поради добри економски политики, рече Заев.

Со вчерашното ноќно бележење на реконструираниот коловоз на булеварот Крсте Мисирков кај МАНУ, овој булевар беше завршен за рекордно време од 16 дена и од денеска е отворен за сообраќај. 

Премиерот Зоран Заев ужива убедливо подобар рејтинг од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, покажа новата анкета на „Брима“ објавена во денешен „Слободен печат“. Лидерот на СДСМ ужива поддршка од 11,8 отсто од граѓаните, додека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ само 7 отсто. Предноста се забележува и според рејтингот на партиите, каде што СДСМ има рејтинг од 19,5 отсто, додека ВМРО-ДПМНЕ 17,5.

Успеваме во нашите намери, успеавме да направиме разлика. Целата ситуација беше нова за сите, бараше да размислуваме за нови начини, нови политики, да правиме дополнителни напори и да дефинираме нови приоритети за да го пронајдеме вистинскиот начин на кој ќе се справувавме со сите прашања, помеѓу кои беа и прашањата поврзани со економскиот живот.

Ние со Бугарија продолжуваме да градиме пријателски односи, бидејќи ни треба решение. Затоа што треба да одиме во ЕУ и да ја исполниме втората еднакво значајна цел по НАТО. Јас сум горд и сум среќен што доживеав за време на мојот мандат како премиер, Република Северна Македонија да биде членка на НАТО

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска се сретна со Михаела Матуела, надлежна за Северна Македонија и Албанија ГД НЕАР во Европската комисија, која неодамна стапи на оваа функција.

Вие не знаеме дали сте примиле и кога сте примиле вакцина и наместо да се вклучите да помогнете гледате како да излажете, да поттикнете антиваксери, се за политички поени, сменете ја плочата, понудете решенија, отворени сме, секоја идеја е добредојдена, ние црпиме информации и од светски институции.

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска се сретнаа со средба со претседателот  на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска.

Вие сте станале истражител, ги коментирате сите детали и од ракав тропате работи кои се далеку од секоја можна вистина. Но не е мое, ниту на нас политичарите да коментираме делови од истрагата. Помина времето кога бевме и извршител и судија и обвинител

Сѐ уште нема потреба од промена на моделот за настава, и учениците продолжуваат и понатаму да одат во училиште, бидејќи се безбедни, а тоа го потврди и Министерството за здравство попладнево во својот извештај, за кој утрово дискутиравме и на Главниот координативен штаб, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.

В. Д.

Next Post

Фронтлајн -што значи да се биде две години на прва линија?

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФК Шкупи, Брегалница и ФФМ го осудија инцидентот во Штип, МВР уапси 43 годишен родител на фудбалер

August 25, 2025
Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk