За четири години успеавме да ја покачиме просечната плата на 28 .744 денари, минимланата плата од 8000-9000 денати сега е 15.200, БДП расте, вработеноста е намалена за 25 проценти, се што работиме поради добри економски политики, рече Заев.
Со вчерашното ноќно бележење на реконструираниот коловоз на булеварот Крсте Мисирков кај МАНУ, овој булевар беше завршен за рекордно време од 16 дена и од денеска е отворен за сообраќај.
Премиерот Зоран Заев ужива убедливо подобар рејтинг од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, покажа новата анкета на „Брима“ објавена во денешен „Слободен печат“. Лидерот на СДСМ ужива поддршка од 11,8 отсто од граѓаните, додека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ само 7 отсто. Предноста се забележува и според рејтингот на партиите, каде што СДСМ има рејтинг од 19,5 отсто, додека ВМРО-ДПМНЕ 17,5.
Успеваме во нашите намери, успеавме да направиме разлика. Целата ситуација беше нова за сите, бараше да размислуваме за нови начини, нови политики, да правиме дополнителни напори и да дефинираме нови приоритети за да го пронајдеме вистинскиот начин на кој ќе се справувавме со сите прашања, помеѓу кои беа и прашањата поврзани со економскиот живот.
Ние со Бугарија продолжуваме да градиме пријателски односи, бидејќи ни треба решение. Затоа што треба да одиме во ЕУ и да ја исполниме втората еднакво значајна цел по НАТО. Јас сум горд и сум среќен што доживеав за време на мојот мандат како премиер, Република Северна Македонија да биде членка на НАТО
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска се сретна со Михаела Матуела, надлежна за Северна Македонија и Албанија ГД НЕАР во Европската комисија, која неодамна стапи на оваа функција.
Вие не знаеме дали сте примиле и кога сте примиле вакцина и наместо да се вклучите да помогнете гледате како да излажете, да поттикнете антиваксери, се за политички поени, сменете ја плочата, понудете решенија, отворени сме, секоја идеја е добредојдена, ние црпиме информации и од светски институции.
Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска се сретнаа со средба со претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска.
Вие сте станале истражител, ги коментирате сите детали и од ракав тропате работи кои се далеку од секоја можна вистина. Но не е мое, ниту на нас политичарите да коментираме делови од истрагата. Помина времето кога бевме и извршител и судија и обвинител
Сѐ уште нема потреба од промена на моделот за настава, и учениците продолжуваат и понатаму да одат во училиште, бидејќи се безбедни, а тоа го потврди и Министерството за здравство попладнево во својот извештај, за кој утрово дискутиравме и на Главниот координативен штаб, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.
В. Д.