ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Раскринканиот Апасиев

September 20, 2021 18:22
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ФРОНТ
Јане Ѓорѓиоски

Јане Ѓорѓиоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Еднаш реков дека не сме преплавени, туку сме удавени од лажни вести, па додадов – Да не знае човек од што попрво да се пази, што прво да фати да разобличува. И си тече тоа, не застанува.

Како главен извор на дезинформации во студијата од ЕУ објавена лани, покрај Мицкоски кој е во друштво на неговиот ментор Никола Груевски, поименично се наведуваат и медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, финансирани од унгарски бизнисмени во Македонија, но во последно време тој примат на главен лажњак  во маало, му го загрозува Димче Апасиев, и тоа сериозно е запнат да го престаса.

Еве да земеме само денеска.

Апасиев на социјалните мрежи треска од ракав лажни вести во форма на бројки – „податоци“ за пописот и за тоа не чувствува ни грам одговорност. Но тоа е нели, Димче Апасив, од него ништо чудно и ништо повеќе и не се очекува.

Секако дека тој има мисија да го минира пописот и да нанесе општествена (па ако сакате со повикот на бојкот на Македонците, демографска, а најмногу и етничка) штета, но едно е како политичка партија и лидер на истата да имаш став за одредено прашање, па било тоа и банално – како што е повикување на бојкот на пописот, а сосема друго е да манипулираш со државни податоци за да оствариш политички краткотраен профит.

Во неговата последна манипулација, тој, без око да му трепне вели дека 200.000 Македонци одбиле да се попишат и си се надоврзува дека доволно е само 50.000 граѓани да го бојкотираат пописот за да се смета за невалиден.

И готово?!

Димче има да се врти околу оваа негова лажна конструкција, купишта граѓани ќе му поверуваат, не можејќи притоа да прифатат дека лидер на партија може да е извор на лажни вести. А, е!

За Апасиев и неговите партиски послушници „Имотеп свештеници“, не важат официјалните податоци кои велат дека само за две недели се попишани над 1 милион граѓани. За нив не важи тоа дека ДЗС – институцијата која го спроведува пописот, експресно ги демантира овие лажни вести и вели – Тврдењата за бојкот на пописот се измислени и целосно неточни. Ништо за нив не важи.

Од каде му се овие бројки, знаат само тој и евентуално оној кутар негов партиски пиун „фатен“ инфлагранте како попишувач.

Во ширењето на лажната вест, ќе му помогнат и еден куп медиуми. Едните, нели за да ја запазат „новинарската коректност“ и да не коментираат изјава туку само да ја пренесат измислената бројка, а другиот фрики-курир медиумски куп, намерно ќе ја исфилуваат и злоупотребат. И тоа за жал, е нашата медиумска реалност со која се борими.

Ваквиот Димче Апасиев е претседател на политичка партија која има двајца пратеници во македонскиот Парламент. А тоа пак драги мои, исто така за жал, е нашата политичко-партиска реалност со која се бориме.

Но, што друго може демократско да се очекува од една партија која во изборна програма има пишано дека се залага за признавање на диктаторската и изолирана од цел демократски свет Северна Кореа, или уште повеќе од нејзиниот лидер Апасиев кој е извор на лажни вести и заканувач со закоравен експлицитен говор на омраза кон неистомислениците.

Колку раскринкувања на конструкциите на лажни вести се доволни за да поверувате дека постојат, дека се обидуваат да манипулираат и дека не треба да им се верува, јас не знам, но силно се обидувам да ве натерам да се обидеме заедно да се избориме против тоа.


Текстот е личен став на авторот

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk