ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: „Филип Морис“ со нови работни места и со надпросечни плати, Филипче ќе остане воздржан до крајот на истрагата, низок процент на заразени ученици

September 23, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Глобалните компании како „Филип Морис Интернешанл“ вложуваат во иновации и развој, отвораат нови можности за младите да работат во средина карактеристична за големите реномирани компании. Политичарите треба да сфатат дека во политиката постојат конкуренти а не непријатели. Колкавав е процентот на новозаразени ученици по воведувањето на настава со физичко присуство? Претседателот на ССМ Димовски со остра критика кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса.

ПОЛИТИКА И ЕКОНОМИЈА

Педесет нови млади лица ќе бидат вработени во центарот за грижа на корисници на „Филип Морис“ кој од „Телеперформанс“ од Атина се префрла во Скопје. Станува збор за модерен центар за корисничка поддршка во кој веќе работат 300 лица, а бројот на вработени ќе се зголеми за уште 50. Просечната плата е околу 700 евра што е над просекот во земјава.

Сугарески е пример како еден политичар треба да се однесува со своите конкуренти. Прво го бранеше противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ  од црна пропагнада, потоа иницира средба и си подаваат рака. Како што објави Сугарески, задачата на секој одговорен политичар е да ги обединува граѓанит и да не сее раздор.

Сè уште според мене и според Сојузот на синдикати има време да се донесе законското решение за недела неработен ден, истакна во гостувањето на „Утрински брифинг’ претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Тој ги повика пратениците да престанат со нивните партиски препукувања и да го откочат законското решение во Собранието.

И во време на економска и здравствена криза од која беа погодени сите држави во светот,  не само нашата, успеавме редовно да ги исплаќаме пензиите на 325.000 пензионери, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Исто така истакна дека се  разгледува нов начин како да се подобри пензионерскиот стандард.

Се воздржувам од сите коментари се додека трае истрагата. Се надевам дека ќе ја прифатите оваа аргументација, не сакам никако да се сфати во некоја форма во која што не треба, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со пожарот во тетовската модуларна болница.

ФРОНТ

Сеизмографот на македонската современа политичка историја е во постојано треперливо движење. Тој, освен честите изборни потреси, бележи и жестоки политички и безбедносни кризи, спектакуларни скандали, растежи и падови кои постојано го тресат тлото под нозете. Човек просто да помисли дека нѐ следи некое проклетство, пишува ЏАБИР ДЕРАЛА.

ПАНДЕМИЈА

Не е точно дека вакциниран со една доза е целосно вакциниран. Тоа едноставно не е така никаде во светот и претставува медицински непоткрепено тврдење бидејќи имунитетот после една доза е слаб. На имунолошкиот систем му треба време да функционира и тоа време е оценето од светски експерти 14 дена после втората доза.

На дневна основа бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03 отсто од вкупно 240 илјади ученици, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН) оценувајќи го ова како исклучително низок процент.

М. М.

Next Post

Бектеши на министерски состанок на Партнерството за трансатланска енергија и климатска промена во Варшава

НАЈНОВО

Осомничената за грабежот на накит во Лувр пуштена од притвор

November 13, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025
Скриншот

Дијамантски брош на Наполеон, продаден за над 3,5 милиони франци

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk