ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

На локалните избори ќе може да гласаат 1 824 864 граѓани, ДИК вечерва го заклучи Избирачкиот список

September 24, 2021 21:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупниот број гласачи што ќе имаат право да гласаат на Локалните избори на 17 октомври 2021 година е 1 824 864.  Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) вечерва на 27-та седница едногласно ја усвоија одлуката за заклучување на Избирачкиот список, согласно член 52 од Изборниот законик и промените/ажурирање што произлегоа од јавниот увид во податоците на списокот.

Како што соопшти потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху,  од вкупниот број гласачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1 740 147 гласачи. Во посебните извори од Избирачкиот список за лица кои согласно евиденцијата на надлежниот орган се на привремена работа или престој во странство се запишани 82 461 гласач, на издржување казна затвор или се во притвор се запишани 1899 гласачи, лица кои се во установи за вонсемејно сместување се запишани 351 гласач и во посебниот извод на Избирачкиот список кои согласно евиденцијата на МТСП се водат како внатрешно раселени лица се запишани шест гласачи.

Потпретседателката Шеху и членот на ДИК Кренар Лога имаа издвоено мислење т.е. несогласување за Избирачкиот список што се однесува до општините Чучер-Сандево и Бутел и изјавија дека нема да ги потпишат изводите за овие две општини.

За утврдување на изгледот и содржината на гласачкото ливче што беше точка од дневниот ред, членовите на ДИК ќе одлучуваат на затворен дел од седницата затоа што, како што појасни членот Борис Кондарко, така се практикува во сите претходни избори.

-ДИК го определува изгледот и содржината на гласачкото ливче, притоа ДИК ги пропишува и соодветните заштити на ливчето, кои се видливи и невидливи, и поради заштита на интергритетот, тајноста и регуларноста на целокупниот изборен процес, овој дел од седницата е затворен за јавноста, рече Кондарко.

На вечерашната седница беше усвоена и одлука Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми да се дополни со уште три радија  (Комета Гоствар, ТРД Радио Битола и Радио 105 Битола) и  ТВ Нова од Гевгелија кои во законскиот рок доставиле коригиран ценовник.

Исто така, беше усвоено барањето на Амбасадата на Албанија да им се издадат овластувања за  пет предложени набљудувачи да го следат одржувањето на локалните избори.

извор: МИА
Next Post

Сончево и топло до 32 степена

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk