ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Проблем на Бугарија не е дали ќе ги нарекуваме фашисти, туку дали ќе ги нарекуваме окупатор, вели историчарот Тодоров

September 24, 2021 08:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод изјавата на премиерот Зоран Заев околу потребата да се редефинира тоа како ние го третираме учеството на Бугарија во Втора светска војна, гостин во денешен Утрински брифинг беше историчарот, професор Петар Тодоров.

Тодоров вели дека ние во нашата државамногу лесно се расфрламе со терминот фашизам, дека многу лесно го употребуваме многу пати и каде што не му е местото.

-Истото тоа се правело и во 1945 година, комунистите често ги користат тие термини (фашизам, фашистички) за да ги дисквалификуваат своите политички противници, вели Тодоров за Утрински брифинг.

Тодоров вели дека во науката постојат сериозни дебати, кои не се политикантски, за тоа дали Бугарија може да се смета за фашистичка држава или не.

-Во тоа време има десетина формации во Бугарија кои се профашистички. Имало и партизански, но неспоредливо со претходните. Во Бугарија во периодот 1934-44 година всушност има беспартиси режим, нема парламент, царот владее со негови луѓе, некои од фашистичките организации се дел од власта, како и некои политики на бугарската влада се фашистички. Таков пример е Законот за заштита на нацијата кој е дискриминаторски кон Евреите, но таков имало и во Југославија во 1940 година. Некои авторитарни постапки на власта не се дел од фашизмор, како што е во Италија, вели Тодоров.

Тодоров за Утрински брифинг потенцира дека не може да игнорира оти Бугарија е дел од фашистичката коалиција.

-Проблем во односите со Македонија не е дали ќе ги нарекуваме фашисти, туку дали ќе ги нарекуваме окупатор. Таму (во Бугарија) се вели дека не биле окупатор туку дека ја ослободле Македонија. И тука е проблемот, вели Тодоров.

Тој смета дека ние не треба да градиме негативни односи во учебниците воопшто, не само за Бугарија. Тодоров потсетува на бугарските флоскули „еден народ две држави“ и „бугарски земји“ кои се користат за околчување, па потоа сѐ што е внатре се вели „ова е мое“ и оттука се градат политики кои Балканот виде дека се штетни, потсетува Тодоров.

Кога политичар коментира за историја оди на тенок мраз и обратно, коментира Тодоров.

-Пишување учебници е сложен процес, вклучува повеќе актери и фази и треба време. Може да вклучува политика, но експертите го даваат концептот. Но, мора да се земе предвид светската наука и она што подобро ја објаснува денешницата, вели тој.

Историското образование треба да поттикнува критички став. Тодоров вели дека мултиперспективноста погрешно се разбира, тоа значи не е само да се дадат двете претстави туку да се објаснат тие перцепции.

-Така ќе се одземе историјата како алатка за радикализација. Такво е современото разбирање на историјата. Сѐ друго води кон граѓани кои може лесно да бидат манипулирани од политичките елити, нагласува Тодоров за Утрински брифинг.

Next Post

Во текот на денот претежно сончево и потопло

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk