ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Саше Политико: Телохранители на Данела Арсовска ме туркаа со лакти

September 24, 2021 15:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ

На денешното потпишување на Кодексот за фер избори што се одржа во просториите на Град Скопје се случи инцидент по обраќањето пред новинарите на независната кандидатка за градоначалник Данела Арсовска, информира Слободен печат.

Арсовска, која задоцни 40 минути на потпишувањето, подоцна им се обрати на новинарите и дозволи новинарски прашања, но не и такви што не ѝ се допаднаа.

Имено, откако новинарот Саше Ивановски – Политико ѝ постави прашања за нејзиниот политички и општествен ангажман, кандидатката Данела Арсовска ја напушти говорницата и ја прекина прес-конференцијата. Притоа, новинарот Ивановски се обиде да добие одговор на своите прашања, но беше грубо истуркан од телохранителите на Арсовска.

– Поставив три прашања на пресот што не ѝ се допаднаа и таа буквално побегна. Јас тргнав по неа да ја допрашам и двајца ме заградија, па потоа ме удираа со лакти, а таа гледаше и не ги спречи. Како новинар, се чувствуваш под закана во таква ситуација, не знаеш дали телохранителот ќе те удри. Со Мицкоски, на пример, никогаш не сум имал ваков проблем. За овој инцидент ќе реагирам до ЗНМ и до ОБСЕ, ни рече Ивановски кога го побаравме да го коментира случајот.

За коментар телефонски ја побаравме и кандидатката за градоначалник, Данела Арсовска. На повикот ни одговори нејзината претставничка за медиумите Христина Панева.

– Ситуацијата не беше таква да госпоѓа Арсовска да не сака да му одговори на новинарот. Таа одговори на сите негови прашања, беа три или четири на самата прес конференција. Моравме да заминеме од пресот затоа што доцневме на состанок. Јас се обидов да поразговарам со него, да го упатам да ги испрати другите прашања на мејл, но тој не сакаше. Мислам дека му одвоивме доволно простор. За нас е битно новинарите да бидат задоволни. Инаку, Данела нема обезбедување, а луѓето што беа со нас беа фотограф, еден задолжен за социјални медиуми и еден нејзин роднина, вели Панева за „Слободен печат“.

Таа додаде дека новинарот Ивановски, доколку смета дека бил нападнат, има право да се пожали до институциите и дека институциите треба да бидат во служба на сите граѓани.

 

Next Post

78% од новите случаи и 80% од хоспитализираните, со Ковид 19 се невакцинирани

НАЈНОВО

Поскапуваат горивата

August 25, 2025

Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

August 25, 2025

Најмалку 15 луѓе загинаа меѓу кои и четворица новинари во израелските воздушни напади врз Газа

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk