ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Време е ЕУ да го испорача ветеното, прв Социо-еколошки форум во Скопје, кој ќе ја наследи незамнеливата Меркел

September 25, 2021 12:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС

ДИК го затвори избирачкиот список… Прв Социо-еколошки форум во Скопје. Целта ни е зелена енергија, одржлив раст, здрава животна средина и нови работни места, истакна Заев… Од средината на октомври, нова мерка со која ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани, најави Филипче… Мицотакис дециден во ОН – Време е ЕУ да го испорача ветеното за Западен Балкан… Германците утре гласаат. Кој ќе ја наследи незаменливата лидерка Меркел?

ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ЕКОНОМИЈА

ДИК го заклучи избирачкиот список за локалните избори закажани на 17 октомври. Вкупниот број гласачи што ќе имаат право да гласаат на Локалните избори на 17 октомври 2021 година е 1 824 864.  Избирачкиот список и изводите од него ДИК треба да ги потпише најдоцна до 1 октомври.

Во Скопје денеска се одржува првиот Социо-еколошки форум, прв настан од ваков тип на Западниот Балкан, што ги обединува под еден покрив регионалните и европски прогресивни политички лидери, тинк-тенк и невладини организации, младински лидери и новинари, да дискутираат за чистата и зелена иднина, достапна за сите граѓани на земјите од Западниот Балкан.

Една од главните заложби на Владата е да ги постави енергетските политики на стабилно долгорочни основи базирани на чиста, зелена енергија, создавање услови за одржлив раст на економијата, здрава животна средина и нови работни места, истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето на Социо-еколошкиот форум во Скопје.

ПАНДЕМИЈА, ПОПИС, РЕНДГЕН

Од средината на октомври ќе има мерка со која ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани. Активни на Ковид-19 се 12.207 случаи во државава од кои најголем број 5.714 се во Скопје. Во Тетово има 951 активен случај, во Куманово 937, во Гостивар 497, во Охрид 491, во Кичево 411, во Струга 364

Заклучно до вчера до 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се самопопишани 195.477 граѓани од дијаспората. ДЗС од денеска, со цел никој да не биде пропуштен во пописот, ќе им овозможи на граѓаните да можат да отидат на одредни локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност.

Вечната мантра. Ние и тие.

Michael Leunig

СВЕТ, РЕГИОН

Време е ЕУ да го испорача ветеното за Западен Балкан, истакна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. За време на неговото обраќање на Генералното собрание на ОН, тој се осврна на сите актуелни теми, од пандемијата до климатските промени, односно како што рече климатската криза, од односите со Турција и кипарското прашање до ЕУ перспективата на Западен Балкан.

Германија гласа на 26 септември. Тоа се најважните избори за Германија, но и за Европа и светот. Вниманието на светот е свртено кон германските гласачи, во исчекување на нивната одлука. Кои се фаворитите, според досегашните истражувања на јавното мислење во Германија, кои имаат шанса да седнат во жешкото столче на незаменливата лидерка, Ангела Меркел?

САД одобрија два исклучоци од економските санкции воведени против талибанците, кои ја преземаа власта во Авганистан, со цел да се олесни испораката на хуманитарна помош.

J. Ѓ.

 

 

 

Next Post
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Стабилни финансии, одговорна локална самоуправа, подобри услуги за граѓаните – реформа за унапредување на фискалната децентрализација

НАЈНОВО

Њујок Тајмс: Дали Украина ќе се откаже од Донбас?

August 25, 2025

Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

August 25, 2025

Општина Центар организира бесплатен музички настан со Јанг Дади

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk