ДИК го затвори избирачкиот список… Прв Социо-еколошки форум во Скопје. Целта ни е зелена енергија, одржлив раст, здрава животна средина и нови работни места, истакна Заев… Од средината на октомври, нова мерка со која ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани, најави Филипче… Мицотакис дециден во ОН – Време е ЕУ да го испорача ветеното за Западен Балкан… Германците утре гласаат. Кој ќе ја наследи незаменливата лидерка Меркел?
ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ЕКОНОМИЈА
ДИК го заклучи избирачкиот список за локалните избори закажани на 17 октомври. Вкупниот број гласачи што ќе имаат право да гласаат на Локалните избори на 17 октомври 2021 година е 1 824 864. Избирачкиот список и изводите од него ДИК треба да ги потпише најдоцна до 1 октомври.
Во Скопје денеска се одржува првиот Социо-еколошки форум, прв настан од ваков тип на Западниот Балкан, што ги обединува под еден покрив регионалните и европски прогресивни политички лидери, тинк-тенк и невладини организации, младински лидери и новинари, да дискутираат за чистата и зелена иднина, достапна за сите граѓани на земјите од Западниот Балкан.
Една од главните заложби на Владата е да ги постави енергетските политики на стабилно долгорочни основи базирани на чиста, зелена енергија, создавање услови за одржлив раст на економијата, здрава животна средина и нови работни места, истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето на Социо-еколошкиот форум во Скопје.
ПАНДЕМИЈА, ПОПИС, РЕНДГЕН
Од средината на октомври ќе има мерка со која ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани. Активни на Ковид-19 се 12.207 случаи во државава од кои најголем број 5.714 се во Скопје. Во Тетово има 951 активен случај, во Куманово 937, во Гостивар 497, во Охрид 491, во Кичево 411, во Струга 364
Заклучно до вчера до 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се самопопишани 195.477 граѓани од дијаспората. ДЗС од денеска, со цел никој да не биде пропуштен во пописот, ќе им овозможи на граѓаните да можат да отидат на одредни локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност.
Вечната мантра. Ние и тие.
СВЕТ, РЕГИОН
Време е ЕУ да го испорача ветеното за Западен Балкан, истакна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. За време на неговото обраќање на Генералното собрание на ОН, тој се осврна на сите актуелни теми, од пандемијата до климатските промени, односно како што рече климатската криза, од односите со Турција и кипарското прашање до ЕУ перспективата на Западен Балкан.
Германија гласа на 26 септември. Тоа се најважните избори за Германија, но и за Европа и светот. Вниманието на светот е свртено кон германските гласачи, во исчекување на нивната одлука. Кои се фаворитите, според досегашните истражувања на јавното мислење во Германија, кои имаат шанса да седнат во жешкото столче на незаменливата лидерка, Ангела Меркел?
САД одобрија два исклучоци од економските санкции воведени против талибанците, кои ја преземаа власта во Авганистан, со цел да се олесни испораката на хуманитарна помош.
J. Ѓ.