ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Популарниот ТВ водител на Си-Ен-Ен, Крис Куомо, обвинет за сексуално малтретирање

September 25, 2021 09:55
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Крис Куомо, брат на поранешниот гувернер на Њујорк Ендрју Куомо и водител на вечерна емисија на Си-Ен-Ен, од негова поранешна соработничка е обвинет за непристојно допирање.

Шели Рос, поранешна извршна продуцентка во Еј-Би-Си го обвини Куомо за непристојно допирање за време на забава во 2005 година. Рос го опишува настанот во писмо објавено од „Њујорк тајмс“, пренесува МИА.

По случката, таа и нејзиниот сопруг, кој го забележал тоа, веднаш заминале од забавата. Во писмото таа ја става под знак прашање моралноста, искреноста и компетентноста на Куомо, правник по занимање и познат водител на вечерно политичко ток шоу на Си-Ен-Ен.

-Сега кога ќе помислам на тоа, сум засрамен, Куомо и се обратил во електронска порака на Рос само час по случката. Рос достави копија од пораката до весникот. Во обид да се извини, Куомо ставил паралела со слична постапка што ја направил холивудскиот актер Кристијан Слејтер „произлезена од негативни намери, не како мојата“.

Понатаму во писмото таа ги истакнува мобингот, сексизмот и климавата етика на медиумските организации во САД и раскажува како и таа била подложна на сексуални уцени на почетокот на својата кариера. Посочува дека Си-Ен-Ен како работодавец му дава на Куомо платформа да „дели часови по морал и етика“ додека тој работел како советник на неговиот брат во време кога тој беше обвинет за сексуално малтретирање од неколку жени и го советувал да се брани. Под притисок на скандалите поврзани со ова Ендрју Куомо неодамна си даде оставка од гувернерската функција.

-Не сакам Куомо да стане следната жртва во оваа ужасна приказна што продолжува. Се надевам тој да остане во Си-Ен-Ен засекогаш ако сака. Тоа што од него барам е новинарско каење. Да покани во емисија гости кои ќе зборуваат за сексизмот, малтретирањето и половите предрасуди на работното место, пишува Рос.

Чинот да излезе во јавноста по повод овој настан го оправдува со бранот слични исповеди на жени за време на „ми ту“ движењето во САД, што започна со падот на филмскиот продуцент Харви Вајнштајн, кој лани во март беше осуден на долгогодишна казна затвор поради повеќекратно силување на свои соработнички.

Next Post

САД одобрија два исклучоци од економските санкции против талибанците

EVN

НАЈНОВО

СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

April 18, 2026

ЗНМ бара максимална транспарентност при изборот на новото раководство на МРТ

April 18, 2026

Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk