ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Арсовска најави двесте и педесет нови еколошки автобуси, решение за подобрување на јавниот превоз и намалено загадување

September 29, 2021 12:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Обезбедување на 250 нови еколошки автобуси и бесплатен јавен превоз како решение на повеќе проблеми на Скопје, како средување на сообраќајниот хаос, намалување на загадувањето и подостапен јавен превоз за граѓаните, е еден од клучни проекти на независниот кандидат за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска.

На денешната прес-конференција, Арсовска продолжи со детално претставување на проекти од нејзината програма. Со 250 нови еколошки автобуси Арсовска планира да го реши сообраќајниот хаос и да се обезбеди подобра и побрза поврзаност во градот.

– Скопје има егзистенцијални проблеми кои мора да ги решаваме. Мора да имаме брзи и сигурни проекти што ќе го направат Скопје подобро место за живеење. Бидејќи сите сме сведоци на нечисти автобуси во јавниот превоз за кои никој не води грижа и кои не се водат според возниот ред. И токму јавниот превоз е еден од најголемите проблеми на нашиот град. Јавниот превоз не е само проблем сам за себе. Тоа што тој е нефункционален, нередовен и скап, создава сериозна потреба граѓаните да ги користат исклучиво своите возила. Тоа создава дополнителен проблем, односно преоптоварување на градските улици. На Скопје му требаат брзи и сигурни решенија. А решение е набавка на нови 250 еколошки автобуси, дел на електрични напојување, дел на природен енергенс. Ова ќе чини далеку поевтино од секакви големи проекти, а ќе значи решавање на децениски проблем во Скопје, изјави Арсовска.

Според неа, со реализација на овој проект ќе се намали загадувањето, односно ќе биде еднакво на нула. Скопје и скопјани ќе добијат сигурен и брз транспорт, без притоа да се изгуби зеленилото на градот, без поместување мостови, без мегаломански утописки проекти.

Арсовска најави реализација на овој проект со поддршка од меѓународните институции, кои за вакви и слични проекти даваат сериозна поддршка на многу други европски градови.

Доколку немаме достапен и ефикасен јавен превоз ќе имаме и гужви на улиците е имаме и гужви по булеварите.

Околу критиките од нејзиниот опонент Петре Шилегов, дека бесплатниот превоз за сите не е возможен поради огромните трошоци, таа рече дека ЈСП е континуирано во загуби и запраша дека се парите на Скопјани и како се трошеле во изминатиот период.

– Дали ЈСП е ставено во долгови сите овие години наместо да биде профитабилно претпријатие затоа што од финансиските извештаи се гледа дека тоа е континуирано во загуби, дури и во почетокот на 2021 година има над 130 милиони генерирани загуби. Знаеме кој го контролира и како го контролира ЈСП и очигледно не е направен добар и функционален систем затоа што тоа има далеку повеќе загуби и далеку повеќе трошоци од она кое би требало да бидат генерирани приходи во Јавното претпријатие.  Значи тоа секако работи со големи генерирани загуби, а овие загуби делумно ги покрива и самиот Град Скопје со свој придонес, нагласи Арсовска.

Таа потенцираше дека за неа е неприфатливо да се чекаат уште четири години за да се реши еден од најзначајните проблеми на скопјани, а, како што посочи, во исто време постои многу едноставно решение за тоа кое јас го претставив.

– Знаеме и кој водел сметка за финансиската страна за работењето на ЈСП и за жал од финансиските извештаи можеме да видиме дека таа работа не е добро водена. За две години потрошени се 300 милиони денари, повеќе од она што е заработено во ЈСП. Во 2020 на ставката трошење по основ на инвентар потрошено е повеќе од 500 милиони денари. Каде оделе парите на граѓаните?  Каде оделе парите на граѓаните особено за време на пандемија, особено кога некој сака да каже дека немало доволно активности и дека немало доволно можности да биде користен јавниот превоз и кога немало доволно потреба од истиот, кадешто би требало трошоците да се значително намалени, а не да се генерираат во поголеми долгови што се однесуваат на ЈСП, потенцираше кандидатката за градоначалничка на Град Скопје.

извор: МИА

Next Post

Петровска од Зелен хуман град: Системски да ги решаваме проблемите на граѓаните во Шуто Оризари

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk