ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Утре почнува аплицирањето за студентски стипендии и достава на документи за продолжување на правото на тековни корисници

September 30, 2021 10:14
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од утре започнува пријавувањето за остварување на правото на студентска стипендија, информира Министерството за образование и наука (МОН). Согласно условите и критериумите наведени во конкурсот за академската 2021-2022 година, крајниот рок за аплицирање е 15 октомври.

Од Министерството посочуваат дека од оваа година, постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, а студентите кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава – евидентен лист, и ја доставуваат потребната документација во Министерството за образование и наука.

– МОН и Владата оваа година одлучија значително да ја променат политиката на стипендирање студенти, со цел да се излезе во пресрет на што повеќе млади, но и да добијат зголемени месечни износи со кои навистина ќе ја почувствуваат поддршката која државата им ја обезбедува во текот на образовниот процес. Па така, за најголем дел од категориите на студентски стипендии, месечните износи се зголемени, некаде и за над 80 отсто, соопштија од Министерството.

Дополнително, како што се наведува во соопштението, утре започнува и поднесувањето на документи за продолжување на правото на стипендија стекнато во некоја од изминатите академски години, за што секој корисник кој ги исполнува условите од договорот потпишан со МОН, доставува потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс на увид, како докази дека има положено 80 односно 90 отсто,  зависно од типот на стипендија кој го користи од предвидените испити.

-Доставата на документите се врши електронски преку http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку студентот нема можност, истите ги доставува хартиено до МОН. Краен рок е 30 октомври 2021 година.МОН обезбедува поддршка при аплицирањето за секој заинтересиран кандидат за студентските стипендии преку Секторот за ученички и студентски стандард. Личните контакти на вработените во овој сектор, се наведени на следниот линк, посочуваат од Министерството.

Next Post

Олеснети мерките за вакцинираните македонски граѓани за влез во Холандија и Шведска

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk