Апасиев на митинг најави укинување на митинзи кога ќе дојде на власт, ама до тогаш….Анкетите потврдуваат дека СДСМ е убедлив победник на изборите, велат од партијата, ВМРО-ДПМНЕ негодува. Што очекува родител од камп во чиј наслов има секс?, прашува професорката Најчевска. Ако го пуштам детето на камп со назив Тајните на библијата очекувам да се проучува библијата. На камп со назив Ајде да учиме математика имам конкретни очекувања, така?
ФРОНТ И РЕНДГЕН
Наместо да се соочи со реалноста во македонските општини, Мицкоски 30 години сонувал за Рим и за Париз…Но никако да се сети дека за спорни тендери, за оф шор компании и нелегални набавки на софтвери одговараа пред законот токму поранешни политичари од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемувањето на платите, ги блокираа сите шест пакет мерки за помош на граѓаните, а сега за него патриотизам се повисоки плати..
Влошки за менструалниот македонизам на УКИМ и МАНУ… Најголемиот проблем пред Македонците не е бројот, не е тоа колку нè има, макар што и тоа е многу важно, туку тоа што сè до појавата на Заев, не успеавме да сфатиме дека по борбата за ослободувањето и независноста, нè чека борба со Македонија….пишува новинарот Бранко Тричковски.
Приказна за Мутлу и Мицко… Мицкоски е нашиот Мутлу: пијан човек, загубен во македонската шума, учествува во спасувањето на Македонија без да сфати дека Македонија бара спас од него….пишува секогаш искрениот Бранко Тричковски.

ПОЛИТИКА, АНКЕТИ, ИЗБОРИ
Анкета на Стратум: За листите на СДСМ ќе гласаат 24.9%, за ВМРО-ДПМНЕ 22.8 % од граѓаните. На прашањето: Да претпоставиме дека утре ќе се одржуваат локални избори за која советничка листа би гласале на изборите, по СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ следи Независна листа со 12,9 %, а нема да излезат на гласање 12% од граѓаните. За ДУИ се определиле 10%, за Алијанса на Албанците 9,3% и други 1,7%.
Анкета Стратум: СДСМ има подобра понуда од ВМРО-ДПМНЕ, најмалку се определиле за ДОМ. Според анкетата нарачана од „Макфакс“ во агенцијата Стратум Р&Д, на прашањето: Според вас која политичка партија на овие избори нуди најдобра понуда? За СДСМ се определиле 27,1%, за ВМРО-ДПМНЕ 24,7%, за Независна листа 13,4%, за ДУИ 11%, за Алијанса на Албанците 10%, за Левица 6,5%, Други 4,7%, за ДОМ 2,6%.
Анкетите потврдуваат дека СДСМ е убедлив победник на изборите, ништо не ги спасува ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски од пораз. Бадијала се сите оправдувања и барањето алиби на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, ништо не ги спасува од седми изборен пораз.едовербата која граѓаните редовно им ја покажуваат“, пишува во соопштението на партијата.
(ВИДЕО) Апасиев на митинг рече дека ќе забранел митинзи кога ќе дојдел на власт, а дотогаш може да се зема пари од ДИК.
Филипче: Струмица е симбол на отпорот кон режимот кој владееше со земјава цели 12 години.
(ВИДЕО) Шилегов до Арсовска: Големо благодарам што енергично ги наброја нашите најуспешни проекти. За еден од последните успешни проекти кои ги реализираше Град Скопје се огласи и СДСМ, од каде за еден од најуспешните инфраструктурни проекти го издвојуват мостот на булевар АСНОМ.
Кочанскиот ориз е бисерот на македонските трпези, а најзаслужни се кочанските производители. Од жетвата оваа година се очекува да се добие вкупно производство на оризова арпа од 17.000 тони, од кои 2.500 тони оризова арпа кај земјоделските претпријатија и 14.500 тони оризова арпа кај индивидуалните земјоделски производители“, напиша Заев на социјалните мрежи.
Професорката Мирјана Најчевска прашува, што очекува родител од камп во чиј наслов има секс?На камп со назив Ајде да учиме математика имам конкретни очекувања, така. На спортски камп за баскет исто. Што очекува родител од камп во чиј наслов има секс. Па што не погледнал програма, фотографии од претходни кампови? Што не се распрашал кога веќе го видел називот. До сега не слушнав за насилство и присилување, пишува професорката на Фејсбук.
ПАНДЕМИЈА
Д-р Даниловски: Ако е скапо да се тестираат сите 240.000 ученици, тогаш барем оние со респираторни симптоми. Со еднократен скрининг само на случаен примерок 40.000 ученици, значи секое 6-то дете од вкупно 240.000 ученици или 5 деца во клас од 30 ученици, ќе се добие само груб увид во моментралната состојба, вели Даниловски за ТВ Сител.
Нови 468 нови случаи на SARS CoV-2, пријавени се 11 починати лица. Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица содијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 15.09.2021 до 30.09.2021 година. Починатите лица се 3 лица од Битола и едно лице од Скопје, на возраст од 51 до 80години. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови а едно лице е починато во домашни услови.
И. Т. З.