Бејхан Мутлу од Инегол, во провинцијата Бурса во Турција, неколку часа помагал во барањето на изчезната особа пред да сфати дека групата за потрагата и спасувањето, всушност, го бара-него!
Во еден момент еден од членовите на спасувачката група извикал: Мутлуууу!
И Мутлу се јавил, бил веднаш зад овој што го извикал неговото име.
Хахаха!
Демек, Мутлу бил на некаков излет со друштвото. На таа седенка се начукал и залутал во шумата. Кога видела дека сите се вратиле само нејзиниот маж го нема, сопругата почекала неколку часа во надеж дека љубениот ќе се појави на вратата, па откако тоа не се случило, се јавила в полиција од каде била организирана спасувачка акција на која се придружил и бараниот.
Фантастична приказна.
Ќе речете, па ова никаде го нема, но не е така.
Мицкоски е нашиот Мутлу: пијан човек, загубен во македонската шума, учествува во спасувањето на Македонија без да сфати дека Македонија бара спас од него.
Односно, од нив, зашто, приказната се однесува на вмро како феномен загубен во времето и просторот.
Хахаха!
Ќе умрам.
Ако умрам ил загинам, да ме кандидирате за градоначалник на Пеколот.
Бранко Тричковски
на Фејсбук
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK