Мислам дека треба да се истражи дали има прекршување на правата на децата и во секој случај да се испита програмата на кампот од страна на детски психолози, педагози и секако правници, вели професорката и граѓански активист, Мирјана Најчевска во врска со контроверзниот извиднички камп, во кој родител на едно од децата вели дека малолетници ги боеле своите полови органи и оставале отпечатоци од нив на хамер и симулирале секс позиции до манастир под превезот на сексуална едукација.
Меѓутоа ајде да не претеруваме.
„На камп со назив Ајде да учиме математика имам конкретни очекувања, така.
На спортски камп за баскет исто.
Што очекува родител од камп во чиј наслов има секс.
Па што не погледнал програма, фотографии од претходни кампови? Што не се распрашал кога веќе го видел називот.
До сега не слушнав за насилство и присилување.
А ставање презерватив на краставица не е облик на насилство, туку обука која би требало да ја помине секој млад човек“, пишува Најчевска на Фејсбук.