ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Уапсениот дипломат Миленковски: Нема ништо што би укажувало на моја вина, жалам поради нарушениот углед на МНР и Владата

Жалам што поради тоа што покрај мојот углед, со овој настан беше нарушен и угледот на МНР и на Владата на РСМ

October 2, 2021 10:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уапсениот македонски дипломат Миле Миленкоски, кој е во екстрадикционен притвор во Врање, Србија, во писмо до Слободен Печат  вели дека во доставените докази од Ерменија „нема ништо што би укажувало на негова вина, и верува дека С.Македонија е правна држава и, оттаму, верува дека надлежните (во земјава) ќе покренат брза постапка, со оглед на фактот дека во доказите за случајот се опфатени 7 лица, од кои 6 се државјани на РСМ.

Во реакцијата, Миленкоски вели:

„Жалам што поради тоа што покрај мојот углед, со овој настан беше нарушен и угледот на МНР и на Владата на РСМ. За ништо на светот не би наштетил на мојата чест и углед, на семејството, на Министерството кое ми даде се во животот, ниту на Владата на РСМ. Бидете уверени дека ни во овој случај нема никаква вина кај мене, ниту прекршок, ни кривично дело, што е случај во целиот мој живот и кариера. Секако, тоа ќе го покаже и истрагата.

Дотогаш, молам да се воздржите од шпекулации и непроверени информации, бидејќи со тоа ги повредувате чувствата на моето семејство и со тоа ја отежнувате и онака тешката состојба во која се најдовме во овој немил настан.

Жалам што поради настанатата ситуација не сум во можност да му се придружам на одличниот тим во Мисијата на РСМ во Виена која се подготвува за веројатно најголемиот предизвик за нашата дипломатија, претседавањето со ОБСЕ во 2023 година. За оние кои се посомневаа за мојата дипломатска адекватност таму да бидам испратен како министер-советник, само на кратко: магистер сум по Европски интеграции, со 23-годишно искуство во МНР, со три мандати во странство како дипломат. Мојата втора книга, чија тема беа македонските граници, ја финансираше ОБСЕ. Две години бев контакт-лице за гранична безбедност на ОБСЕ во нашата држава. Учесник сум на повеќе конференции на ОБСЕ и модератор на една од нив. Две години бев заменик постојан претставник во Постојаната мисија на РСМ во Виена.“, стои во реакцијата до СП.

Next Post

Приказна за Мутлу и Мицко

Shortcut

Најново

Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс

June 9, 2026

Тошковски: Со поддршка од EU4FAST ја зајакнуваме борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе

June 9, 2026

Петровска: Власта нема капацитет за реформи и ја губи довербата во институциите

June 9, 2026

Како од 24 часа се прават 48

June 9, 2026
Анаис. Мотив, Битола Широк сокак

Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

June 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk