ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Мицкоски заборавил кој ја изгради криминалната Бела палата, бесплатен превоз со 250 еко-автобуси е како „милијардата на Циле“

October 3, 2021 17:59
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Мицкоски заборави кој ја изгради „фамозната“ Бела палата, па обвинува дека другите градат скапи објекти…Ќе се реши проблемот со Бугарија низ дијалог и разговори, смета премиерот Заев… Бесплатниот јавен превоз со 250 еко-автобуси на Данела Арсовска е како „милијардата на Циле“, никогаш нема да стигнат…Изборна програма на Зелен Хуман Град…

ПОЛИТИКА  

Пендаровски за „То Вима“: Решението на приговорите на Бугарија треба да е усогласено со Договорот за пријателство и соработка. Претседателот Пендаровски, за бугарското вето и ЕУ перспективата, коментира дека „за жал ситуацијата нѐ спречува да започнеме пристапни преговори“, иако земјата веќе ги има исполнето сите предуслови.

Заев: Низ разговор, низ дијалог да се изнајдат решенијата со Бугарија. Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека в среда во Словенија ќе имаат состанок со претседателот Радев, со високите претставници на ЕУ, со премиерот Јанша. Посочи дека на Самитот ќе бидат присутни еврокмесарот за проширување Вархеји, канцеларката Меркел, претседателот Макрон.

Со доопремување на училиштата ќе се комплетира реформата во образованието, најави премиерот Заев. Секако до тогаш ќе има учебници, скрипти, сè што им е како помагало додека тоа не го доопремиме. Но верувајте кога ги пробивате првите стапки во снегот за нешто ново секогаш треба сите позитивно да бидеме посветени за да прво, не трпат децата, сите да добијат шанса за еднакво образование, а државата никако да не штеди ресурси, да го овозможи токму тоа, изјави премиерот Зоран Заев.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021
Мицкоски заборавил кој ја изгради криминалната Бела палата, па обвинува дека другите градат скапи објекти. Мицкоски, изгуби контрола што зборува на митинзите низ државата и ги обвини преставниците на власта дека ѕидаат палати и возат скапи автомобили.

Никола Наумоски до Данела Арсовска: Бесплатен јавен превоз со 250 еко-автобуси е како „милијардата на Циле“.  „Милијардата на Циле“ требаше да дојде од Тајван по признавањето, но никогаш не пристигна, а на Македонија ѝ се случи големата политичка и безбедносна криза во 2001 година“ – пишува Никола Наумоски во колумната „Бесплатен превоз на жедни преку вода“ објавена во „Слободен печат“.

Изборна програма на Зелен Хуман Град. Нашата програма нуди решенија за голем број проблеми на граѓаните, нудиме зелени решенија, нудиме еколошки и економски развој на градот, бидејќи сите ние заедно го заслужуваме тоа, велат од ЗХГ.

СДСМ контра Арсовска: На Скопје му недостига зеленилото што го уништи ВМРО-ДПМНЕ, а Шилегов успешно го враќа.

Кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, вети нова сала за „Работнички“ и континуирано опремување на училишните спортски сали. Општина Центар ќе ја продолжи финансиската помош на кошаркарскиот клуб „Работнички“ кој неколку години наназад го помага со 15.000.000 денари.

ИЗБОРЕН РАПОРТ #7: Како да не постојат протоколи за заштита од КОВИД-19, продолжуваат политичките злоупотреби на децата и црната кампања. Од почетокот на изборната кампања, Изборен рапорт се емитува во живо секој ден околу 11 часот на Фејсбук страницата и Јутуб каналот на ЦИВИЛ.

МВР: За 73 % намален бројот на жртви на сообраќајниците во септември 2021. Според претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска, во септември 2021 има четири жртви во сообраќајни несреќи, а во септември минатата 2020 година имало 15. Евидентно е дека кампањите што заеднички ги спроведуваат РСБСП и МВР даваат резултати.

СПОРТ 

Шилегов: Скопје покажува дека е европска метропола, голем домаќин и професионален организатор на спектакл како маратонот.

Поп Арсова и Ивановски победија на Скопскиот маратон со нови државни рекорди. Вторите места ги освоија Силвија Јукаила од Еквадор и Младен Стевановиќ од БиХ, додека како третопласирани завршија Билјана Кираџиева и Германецот Давид Перлич.

И. Т. З. 

Next Post

Заев: Фокусирани сме на услуги за граѓаните, а не на злоупотреба на парите

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk