ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Фејсбук – За глобалниот прекин виновна е „неисправната промена на конфигурацијата“

October 5, 2021 08:58
in TECH FRONT, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Фејсбук ја обвини „погрешната промена на конфигурацијата“ за речиси шестчасовна блокада што спречи 3,5 милијарди од нивните корисници да пристапат до социјалните медиуми и услугите за пораки, како што се Ватсап (WhatsApp), Инстаграм и Месинџер. Компанијата не наведе на блогот кој ја направил промената на конфигурацијата и дали била планирана.

Неколкумина вработени во Фејсбук, кои побарале да останат неименувани, за западни медиуми рекоа дека веруваат дека прекинот се должи на внатрешна грешка во начинот на насочување на сообраќајот преку интернет.

Неисправностите на алатките за комуникација преку интернет и другите ресурси што зависат од истата мрежа го влошија проблемот, велат вработените. Безбедносните експерти не ја отфрлија можноста за ненамерна грешка, ниту за саботажа.Фејсбук и Инстаграм почнаа да се поврзуваат на интернет во понеделникот точно пред полноќ, речиси шест часа по глобалниот пад.

Фејсбук и неговите апликации „Ватсап“ и „Инстаграм“ се урнаа вчера доцна попладнето, а некои корисници на „Фејсбук“ почнаа да добиваат делумен пристап до социјалната мрежа околу 23.45 часот. Губењето на врската беше втор удар за тој гигант на социјалните медиуми во неколку дена, откако „свиркач“ во неделата ја обвини компанијата дека честопати дава предност на профитот, наместо да ги потиснува говорот на омраза и дезинформациите.

Акциите на Фејсбук, кој има скоро две милијарди активни корисници дневно, ја загубија вредноста по извештајот на свиркачот и паднаа за уште 5,3 проценти вчера во попладневнотоо тргување. Мрежите станаа недостапни бидејќи корисниците не беа упатени на вистинското место преку т.н. DNS систем чии поставки се контролирани од Фејсбук, што покажува дека проблемот е внатрешен. Изгледа дека надворешен упад е помалку веројатен, јавија американски медиуми. Фејсбук призна дека корисниците имаат проблеми со пристапот до неговите апликации, но не даде никакви детали колку врз нив влијаел прекинот на работата./МИА/.

Next Post

Mожно е предвремено да почне грејната сезона во Скопје

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk