Сакаме како што се призна историската вистина во односите со Грција, на ист начин да се признае и историската вистина во односите со Бугарија, порача бугарскиот претседател Румен Радев од Словенија.Од 1 јануари 2022 просечната плата ќе стане 500 евра, а минималната плата 300 евра.
ФРОНТ И РЕНДГЕН
Конечно дојде времето да му се плашиме на Апасиев! Хух! Добро е, го преживеавме предизборниот викенд-митинг на Перо Камиказа и Левица – но, не за долго: крв има да се лее по скопските калдрми кога Апасиев ќе дојде на власт, пишува во најновата колумна Сашо Орданоски.


ЕКОНОМИЈА
Владата, стопанството и РКЕ договорија заеднички активности за ублажување на ценовниот шок. Стопанската комора на Северна Македонија да го сублимира мислењето на компаниите, Регулаторната комисија за енергетика најенергично да ги санкционира сите снабдувачи кои неосновано, непрофесионално и бесправно ги откажуваат веќе склучените договори со компаниите, а Владата да изнајде начин да им помогне на фирмите во рамки на можностите.
СДСМ: Од 1 јануари 2022 просечната плата ќе стане 500 евра, а минималната плата 300 евра. Владата предводена од СДСМ покажува вистинска грижа и борба за достоинствен живот за возрасните. Во таа носока воведовме државна социјална пензија од 6.000 денари за нашите сограѓани над 65 години кои не исполнуваат услови за стекнување на пензија.
СДСМ најави придонеси за прво вработување секој млад човек, а ВМРО-ДПМНЕ преговори за нова Влада ден по избори.
ХРОНИКА И СКАНДАЛИ
(Видео) Синот на Муса Џафери од ДУИ физички го нападна претседателот на РКЕ, Бислимоски. Причината за нападот врз Бислимоски е одлуката на Регулаторната комисија од 23 септември годинава да започне постапка за одземање на лиценцата за снабдување со електрична енергија на фирмата „У Пауер“ која е во сопственост на синот на Муса Џафери.
ПОЛИТИКА
Радев: Северна Македонија да ја признае историската вистина, како што го направи тоа со Грција. Ова не е ниту вето ниту запирање на процесот, ние сакаме не повеќе од она што го сака секој наш европски партнер, да ги почитуваме основните европски принципи и интересите на секоја земја-членка на ЕУ. Очекуваме овој процес да запре, порача бугарскиот претседател Румен Радев од Словенија.
Недвосмислена поддршка за евроинтеграцијата, но и предупредување за строгите услови што ќе добие Западен Балкан од Самитот во Брдо. Сепак последната верзија не наговести крај на проширување, но предупреди дека Унијата во целиот овој процес ќе води сметка за себе и за нејзините капацитети, при приемот на нови членки, јави известувачот на МИА од Брдо.
Самитот ЕУ-Западен Балкан, обид за придвижување на процесот на решавање на спорот меѓу Скопје и Софија. Делегацијата на Северна Македонија на Самитот ја предводи премиерот Зоран Заев, а во неа ќе бидат и вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Курц бара датум за членство на Западен Балкан во ЕУ. Ако нема датум, тогаш тоа често значи дека темпото се забавува, рече Курц во изјавата за новинарите пред денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан.
КУЛТУРА
„Никогаш не е многу од мостови на Балканот“, вели Милчо Манчевски во интервју за „Кориере дела сера“. Манчевски е специјален гостин во Рим на Балканскиот филмски фестивал, кој вечерва се отвора со неговиот филм „Врба“.
Светски ден на лицата со церебрална парализа. На 6 Октомври целиот свет го одбележува Светскиот ден на лица со церебрална парализа. Тоа е ден кога се преземаат активности со цел подигање на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со церебрална парализа и потребата од подобрување на нивните права за независен, самостоен и целосно интегриран живот во општеството, истакнаа од „Мобилност.
Франција ужасната од педофилијата во Католичката црква, папата тажен за жртвите на сексуалното насилство.
И. Т. З.