ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Привршуваме со изградбата на социјалната зграда во Гевгелија

October 7, 2021 13:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛА

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска оствари работна посета на општина Гевгелија, каде изврши увид во реализација на инфраструктурни проекти што се градат во општината со поддршка на централната власт.

Тој заедно со директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски, и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, извршија увид во изградба на социјалната зграда и  патниот правец во н.м Мрзенци.

„Се грижиме за најранливите категории на граѓани. Тука сме денес на увид во изградбата на социјалната зграда, која убеден сум дека ќе го реши станбеното прашање на 52 социјално ранливи семејства во Гевгелија. Вложуваме 79 милиони денари за изградба на овие станови, очекувам до април 2022 година зградата да биде завршена и да ги прими своите први станари.“– изјави министерот Бочварски.

„Преку проектот за Поврзување на локални патишта, во населеното место Мрзенци моментално ја реконструираме улицата Методија Андонов Ченто, значаен проект за локалните жители каде инвестираме речиси 10 милиони денари. Дополнително сакам да најавам дека во тек е подготовка на тендерска документација за реконструкција на водоводни и канализациони линии во општина Гевгелија, инвестиција вредна повеќе од 138 милиони денари. Наш приоритет се граѓаните и фокус ставаме токму на нив и на нивните потреби. Секој еден граѓанин ни е важен и така ќе продолжиме и понатаму.“ – истакна министерот за транспорт и врски, Бочварски.

Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Трајковски истакна дека во моментот се градат преку 700 социјални станови во државата.

„Очекувам во текот на наредната година, овој објект да го предадеме на Министерството за транспорт и врски и да започне постапката за распределба на сите овие станови кои се потребни на нашите граѓани од социјално загрозена категорија. Она што можам да го потенцирам е дека Владата на Република Северна Македонија, заедно со Министерството за транспорт и врски останува силно посветена на решавањето на проблемите на граѓаните и изградба на сите оние станбени единици кои се предвидени во иднина. Сакам да најавам дека во следниот период АД за стопанисување со станбен и деловен простор ќе се фокусира и на изградба на комерцијални станбени згради со што ќе понудиме нови станови со поволни цени на пазарот.“ – изјави Кристијан Трајковски, директор на АД за стопанисување со станбен  и деловен простор.

Next Post

Раст на извозот за 31.5 %, увозот за 34 отсто

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk