Данела Арсовска објави дека ќе ја интензивирала соработката со Здружението на приватни
превозници за спроведување ефикасни решенија во сообраќајот: „… предвидувам реализација
на систем за работа со зачестени линии, секое населено место да има превоз и да има повеќе
автобуси, за да се растерети метежот со која се соочуваат граѓаните секојдневно“, истакна
Данела Арсовска на нејзината страница.
Во својата програма Арсовска има „предвидување“ и за целосно бесплатен јавен превоз:
„Предвидуваме целосно бесплатен квалитетен јавен градски автобуски превоз“, пишува во
програмата на Арсовска.
Кога Арсовска зборува за „250 нови еколошки автобуси“, јасно е дека тие не се предвидени за
приватните превозници.
Во програмата на Арсовска нема никакво објаснување што ќе се случи со приватните
превозници, и од што ќе живеат тие, ако се оствари нејзиното „предвидување“ за бесплатен
јавен превоз.
Ниту Арсовска, ниту ВМРО-ДПМНЕ досега немаат дадено одговор на јавноста: Колку ќе ги
чинат скопјани 250 еко-автобуси и бесплатниот јавен превоз? Како ќе преживеат приватните
превозници и такси компаниите во Скопје ако превозот стане бесплатен?